Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Неодоливи бебиња со Даунов синдром се ѕвезди во фотосесија за календар со хуманитарни цели

ФОТО: Неодоливи бебиња со Даунов синдром се ѕвезди во фотосесија за календар со хуманитарни цели

Две девојчиња со Даунов синдром се неодоливи ѕвезди од календар со хуманитарни цели. 8-месечната Елајза и 14-месечната Џорџа позираа за фотосесијата организирана од група акушерки од клиниката „Miracle in Progress“.

Целта на ваквата кампања е да се зголеми свеста за децата родени со Даунов синдром, а приходите од продажбата на календарот ќе бидат наменети за Асоцијацијата за Даунов синдром во Англија.

На две од фотографиите малите девојчиња позираат во прегратките на своите мајки.

Елајза и Џорџа Елајза и Џорџа Елајза и Џорџа Елајза и Џорџа Елајза и Џорџа

„Таа е апсолутно прекрасна и со оваа фотосесија ние сакаме да пренесеме дека Дауновиот синдром не треба да биде табу или скриена тема. Џорџа е убаво девојче и ние сме горди на сè што таа прави“ – изјавила мајката на Џорџа, Џулија, која позираше со својата ќеркичка за фотосесијата. „Се надевам дека луѓето ќе ја видат фотографијата и ќе си помислат колку убаво девојче е таа и колку сме горди на неа“ – додала Џулија.

Џулија со ќеркичката ЏорџаЏулија со ќеркичката Џорџа

„Елајза е убаво мало девојче, насмеано и мило и таа заслужува да биде во центарот на вниманието. Таа се труди многу и не дозволува ништо да ја запре“ – рекла Хана, мајката на Елајза.

Хана со ќеркичката ЕлајзаХана со ќеркичката Елајза

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11588 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.