Почетна » Новости » Занимливости » Фотографка сними фотосесија со деца со Даунов синдром во чест на починатата сестра

Фотографка сними фотосесија со деца со Даунов синдром во чест на починатата сестра

Фотографка од Њу Џерси сними фотосесија со дечиња со Даунов синдром, во чест на починатата сестра која го имала истото нарушување.

Џули Вилсон ја изгубила својата сестра со Даунов синдром поради срцеви проблеми. Уште кога се родила малата Дина, докторите велеле дека таа нема да живее долго, заради вродена срцева мана. Првите проценки биле дека таа нема да живее подолго од 5 години. Но, сите прогнози биле погрешни. Таа починала на 35-годишна возраст.

Деца со Даунов синдром

Смртта на Дина оставила голема празнина во животот на Џули, па таа започнала проект со дечиња со Даунов синдром. „Ја направив фотосесијата за моја радост. Знаев дека малите деца и фотографирањето ќе донесе само среќа во мојот живот. Втората и најважна причина, беше да помогнам да се развие свеста за тоа дека лицата со Даунов синдром се голем благослов“ – пишува таа на својот блог.

Деца со Даунов синдром Деца со Даунов синдром Деца со Даунов синдром

Џули се надева и дека ќе им ги отвори срцата на лицата кои помислуваат на абортус кога ќе дознаат дека носат бебе со Даунов синдром и ќе ги натера да размислат повеќе пати пред да ја донесат големата одлука. „Иако ќе имате подеми и падови во растењето на дете со Даунов синдром, вашето срце ќе го сака тоа дете илјадници пати повеќе, отколку што можете да си замислите“ – додава таа.

Деца со Даунов синдром Деца со Даунов синдром Деца со Даунов синдром Деца со Даунов синдром Деца со Даунов синдром Деца со Даунов синдром Деца со Даунов синдром Деца со Даунов синдром

Фотосесијата била направена на 11 октомври со 11 дечиња. Октомври е месец за подигнување на свеста за Даунов синдром.

Деца со Даунов синдром

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11558 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.