Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Матурантка носела фустан од хартија, залагајќи се за образование за сите девојки

ФОТО: Матурантка носела фустан од хартија, залагајќи се за образование за сите девојки

Матурантка си направила фустан од хартија и го носела на матурската вечер за да им помогне на девојките низ светот кои немаат можност да се школуваат. Фустанот е објавен на аукција, а парите ќе бидат донирани во фондацијата на Малала Јусафзаи.

Ерин Пејсли

Ерин Пејсли отсекогаш била заинтересирана за активизам, но откако слушала говор на нобеловката Јусафзаи, таа донела одлука да направи нешто за да ѝ помогне во борбата за образование на сите девојки.

Наместо да потроши 250 долари за да си купи фустан за матурската вечер, младата Канаѓанка ги донирала тие пари и рачно си направила фустан од стара тетратка по математика. На него, со црвен маркер ја напишала пораката: „Јас го добив моето образование. Не секоја жена го има тоа право. Malala.org“.

Ерин Пејсли Ерин Пејсли

Идејата на Пејсли била да ја искористи својата матура за да ја подигне свеста дека некои девојки низ светот немаат право на образование. „Постојано мислев на фактот дека повеќе од 62 милиони девојки низ светот немаат право на средно образование“ – објаснила таа.

Ерин Пејсли Ерин Пејсли Ерин Пејсли Ерин Пејсли

Ерин се радува што наишла на позитивен одговор и што успеала да го привлече вниманието и љубопитноста на своите врсници на матурата. „И најмалото внимание кое ќе го привлече оваа приказна е прекрасно“ – рекла Ерин. „Многу луѓе, вклучително и јас самата, забораваат дека се привилегирани што имаат достап до средно образование“ – додала таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11285 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.