Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Куче одбива да го напушти болничкиот кревет на аутистично момче

ФОТО: Куче одбива да го напушти болничкиот кревет на аутистично момче

Фотографии од лојално и посветено куче, кое одбива да го напушти креветот на 9-годишниот сопственик за време на неговиот престој во болница, се уште еден доказ дека кучето е најдобриот пријател на човекот.

Џејмс Исак е аутистично момче кое не може да зборува. За децата со аутизам светот може да биде збунувачко и застрашувачко место, па поради тоа често имаат терапевтски кучиња кои им се верни придружници и се тренирани да внимаваат на нив и да ги смируваат.

Поради прегледи и испитувања, со цел да се утврди причината за нападите на Џејмс, малото момче морало да лежи одреден период во болница. Бидејќи присуството на црниот лабрадор го смирувало, вработените во болницата решиле да направат исклучок и да му дозволат на кучето да биде покрај малиот пациент за време на неговиот престој во болницата.

3-годишното куче по име Махе било покрај Џејмс нон-стоп и не сакало да го напушти неговиот болнички кревет. Фотографиите кои ја рефлектираат огромната посветеност на Махе, полека, но сигурно го обиколуваат светот.

Џејмс и Махе Џејмс и Махе Џејмс и Махе Џејмс и Махе Џејмс и Махе Џејмс и Махе Џејмс и Махе Џејмс и Махе Џејмс и Махе Џејмс и Махе Џејмс и Махе Џејмс и Махе Џејмс и Махе Џејмс и Махе Џејмс и Махе Џејмс и Махе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11176 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.