Почетна » Новости » Животни стории » Куче до последен момент се обидувало да го спаси сопственикот од пожар

Куче до последен момент се обидувало да го спаси сопственикот од пожар

Кучето Кармен, кое дало сè од себе за да го спаси својот сопственик од пожар, е уште еден од многуте примери кои недискутабилно говорат за безрезервната љубов на кучињата кон нивните сопственици.

9-годишниот боксер е во критична состојба откако бил пронајден како со своето тело го покрива лицето на сопственикот Бен Ледфорд, обидувајќи се да го заштити од огнените јазици и чадот од пожар кој избувнал во нивниот дом.

Првите лица кои пристигнале на местото на несреќата го пронашле кучето кое не сакало да го остави својот онесвестен газда. За жал, и покрај обидите на Кармен да го спаси саканиот сопственик, 33-годишниот Ледфорд не преживеал. Кратко време откако бил пренесен в болница, тој издишал за последен пат.

Кучето Кармен Кучето Кармен Кучето КарменКармен со Бен Ледфорд

Кучето било пренесено во ветеринарна клиника со сериозно оштетување на белите дробови, предизвикано од вдишувањето на чадот. Речиси една недела, верното куче било приклучено на апарати кои му помагале да дише. Добрата вест е што Кармен сега дише самостојно.

„Многу кучиња инстинктивно знаат кога има криза и голем дел од нив се обидуваат да ги заштитат своите сопственици“ – изјавил ветеринарот д-р Марло Андерсон.

Братот на Бен, Филип Ледфорд, планира да ја посвои Кармен откако ќе закрепне. Тој основа и сајт за донации за покривање на трошоците за лекување на Кармен. Потребни биле вкупно 25.000 долари, но таа цел е веќе надмината и собрани се над 26.000 долари.

Кучето Кармен Кучето Кармен

„Не постои ништо на светот кое Бен го сакаше повеќе од Кармен и не постои ништо друго кое Кармен го сакаше повеќе од Бен“ – изјавила Емили, сестрата на Бен.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11183 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.