Комерцијален текст
Најголемото дводневно шопинг искуство, кое беше реализирано на 3 и 4 јули 2015 година, го доживеаја сите посетители на најголемиот шопинг центар во Македонија, Скопје Сити Мол.
Late Night Shopping искуството оваа година беше збогатено со многу музика, многу забава, модна ревија, Style Hunting со најпознатите македонски модни блогерки и многу дополнителни активности и изненадувања.
Преполниот трговски беше доказ дека посетителите уживаа во забавата со звуците на Азафран микс, ConTru DJ, Тумбао Салса Бенд, Sound Messengers и многу други диџеи со нивни сетови, придружени со попусти на омилените парчиња од брендовите во Скопје Сити Мол.
Beachwear Fashion Show беше полн погодок за сите присутни. Згодните модели мамеа погледи под убавото вечерно небо, а тие на присутните им ги претставија најновите летни колекции. Миксот од новите модни парчиња, убавината која парадираше на модната писта, летната атмосфера на сцената на чело со Лила Филиповска, провокативната Симона Поповска со својот примамлив настап заедно со Ерик Фокс од The Sound Messengers, жешкиот ритам на Тумбао Салса Бенд и загревањето со летните звуци на диџејот, не дозволија никој да остане рамнодушен.
Но, за забавата да биде комплетна, модното шоу беше надополнето со гламурозен златен финиш. Еден од моделите се појави на сцената прекриена само со сјајни Сваровски кристали.