Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Им дошло преку глава од високата кирија, купиле комбе и го претвориле во дом

ФОТО: Им дошло преку глава од високата кирија, купиле комбе и го претвориле во дом

Кога Адам Крофт и Ники Пеперел сфатиле дека работат само за да ја покријат огромната кирија и основните трошоци за живот, тие одлучиле да направат голема животна промена. Младиот британски пар купил старо комбе и создал свој дом во задниот дел од возилото.

29-годишниот Британец и неговата 32-годишна партнерка работеле напорно цела една година и со сопствени сили и мала заштеда успеале да создадат свое место за живеење. Резултатот е одличен. Адам и Ники сега имаат удобен дом кој вклучува кујна, бања и спална соба, како и веранда.

Комбе-дом Комбе-дом Комбе-дом

Идејата се родила откако парот поминал една недела на брод во кој живееле нивни пријатели. Адам и Ники се вљубиле во слободата, но сепак главната причина за да го направат решавачкиот чекор била големата кирија. „Киријата беше премногу висока. На крајот од месецот, откако ќе ги платевме трошоците за автомобилот и трошоците за живеење, не ни остануваше ништо“ – рекол Крофт.

Комбе-дом Комбе-дом Комбе-дом

Можеби најдобрата функција на новиот дом на авантуристичкиот пар е мобилноста, што им овозможува на Адам и Ники да патуваат, а сепак да се дома. Нивна следна цел е да ја обиколат Европа.

Комбе-дом Комбе-дом Комбе-дом

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10395 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.