Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Бебе коала не ја напушта мајка си за време на операција

ФОТО: Бебе коала не ја напушта мајка си за време на операција

Бебе коала, кое не ја напушти мајка си за време на итна операција, им го стопли срцето на вработените во зоолошка градина во Австралија, а потоа го освои вниманието на светот. Коалите биле жртви во сообраќајна несреќа, но додека 6-месечниот Фантом се извлекол без повреди, мајка му Лизи морало да биде оперирана.

На фотографиите, Фантом ја гушка мајка си, укажувајќи ѝ дека тој е добро и дека е покрај неа.

Фантом и Лизи Фантом и Лизи Фантом и Лизи

По несреќата, која се случила во Квинсленд, Лизи веднаш била одведена во болница поради колапс на белите дробови и итно била оперирана. Но, таа во ниту еден момент не останала сама. Синчето Фантом постојано било до неа, давајќи ѝ ја најголемата поддршка која една мајка може да ја добие.

Фантом Фантом и Лизи Фантом Фантом

Состојбата на Лизи е стабилна и таа се опоравува со антибиотици и многу љубов од малиот Фантом.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11104 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.