Почетна » Новости » Занимливости » Учителка со експеримент со леб ги поттикнува децата редовно да си ги мијат рацете

Учителка со експеримент со леб ги поттикнува децата редовно да си ги мијат рацете

Учителка сподели фотографии од експеримент кој го правела со своите ученици за да ја истакне важноста на миењето раце.

Џарали Меткалф сакала визуелно да им прикаже на децата колку е важно да одржуваат хигиена и редовно да се мијат, особено во сезона на настинки и грип. Со цел да покаже како се размножуваат бактериите, таа купила леб исечен на парчиња и спакувала пет од парчињата во кеси за замрзнување откако претходно со децата ги допирале на различен начин.

Едното парче го спакувале недопрено, друго го допреле со немиени раце, третото со раце премачкани со средство за дезинфекција, четвртото со раце измиени со сапун и вода, а петтото го допреле на лаптопите во училницата.

Еве го резултатот заедно со објаснувањето на учителката:

Џарали Меткалф Џарали Меткалф Џарали Меткалф Џарали Меткалф Џарали Меткалф Џарали Меткалф

Минатиот месец, кога започна сезоната на грип, направивме проект на час. Зедовме пресен леб и го допиравме. Едно парче беше недопрено. Едно беше допрено со немиени раце. Едно беше допрено со средство за дезинфекција на раце. Едно беше допрено со раце измиени со сапун и вода. Потоа, одлучивме едно парче да истриеме на сите лаптопи во училницата.

МИЈТЕ СИ ГИ РАЦЕТЕ! Потсетувајте ги вашите деца да си ги мијат рацете! Средствата за дезинфекција на раце не се алтернатива за миењето на раце! ВООПШТО!!!

Ова е многу ГРОЗНО!

*За да ги добиеме резултатите ни требаа 3-4 недели поради конзервансите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.