Почетна » Новости » Занимливости » Технологијата менува животи: Моќни видеа за тинејџер со аутизам кој доби глас благодарение на таблет

Технологијата менува животи: Моќни видеа за тинејџер со аутизам кој доби глас благодарение на таблет

Април е месец посветен на лицата со аутизам. По тој повод, Apple ја сподели приказната за Дилан, 16-годишен тинејџер кој до пред извесно време бил целосно затворен во себе, бидејќи не можел вербално да се изрази.

Благодарение на технологијата, Дилан доби глас. Користејќи го својот iPad, тој може да ги искаже своите мисли и да се ослободи од ограничувањата кои му ги наметнува аутизмот.

„Тоа што добив глас промени сè во мојот живот. Нема повеќе изолација. Конечно можам да разговарам со луѓето кои ме сакаат. Можам да кажам што мислам и да им дадам до знаење дека и јас ги сакам“ – вели Дилан во видеото.

Дилан

„Како негова мајка, можам да кажам дека најневеројатно нешто е одеднаш да започнеш да го слушаш гласот на своето дете. Да не можеш да зборуваш не е исто како да немаш што да кажеш“ – признава мајката на Дилан, Теми.

Дилан со мајка си

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11433 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.