Почетна » Новости » Занимливости » Средношколци се откажаа од екскурзија и ги донираа парите за лекување на директорката болна од рак

Средношколци се откажаа од екскурзија и ги донираа парите за лекување на директорката болна од рак

Ученици од средно училиште во Њу Хемпшир му одржаа лекција за хуманост на целиот свет, откажувајќи се од долгопланирана екскурзија за да ги донираат собраните пари за лекување на директорката болна од рак.

Несебичните средношколци требало да заминат на четиридневно патување во Њујорк, но кога дознале дека нивната директорка страда од редок и агресивен рак, едногласно одлучиле собраните 8.000 долари да ги донираат за лекување.

Во емотивното видео, директорката Кортни Ваша не може да си ги задржи солзите кога учениците ѝ ја соопштуваат нивната одлука.

Кортни Ваша

„За мене многу е тешко да прифатам помош и не знам што да кажам“ – вели Ваша низ солзи.

Кортни Ваша

Учениците имаат само пофални зборови за својата директорка. „Таа е многу грижлива, многу несебична, па и ние сакавме да бидеме несебични“ – рекол еден од нив.

Ваша се надева дека ќе го започне лекувањето веднаш откако матурантите ќе добијат дипломи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11416 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.