Почетна » Новости » Занимливости » Социјален експеримент: Како реагираат луѓето на бракот меѓу 12-годишно девојче и 65-годишен маж?

Социјален експеримент: Како реагираат луѓето на бракот меѓу 12-годишно девојче и 65-годишен маж?

Како би реагирале кога би биле сведок на склучувањето на брак меѓу 12-годишно девојче и 65-годишен маж?

YouTube ѕвездата Коби Персин спроведе нов социјален експеримент за да ги покаже реакциите на жителите на Њујорк на детски брак. Во видеото, Коби влегува во улога на фотограф кој е најмен да го овековечи стапувањето во брак на девојче и возрасен човек. Фотосесијата се одвива на Тајмс Сквер во Њујорк Сити.

Се разбира, луѓето не можат да останат рамнодушни на она што го гледаат и влегуваат во жестоки дуели со 65-годишниот маж, кој постојано тврди дека има дозвола од родителите на својата „невеста“. „Моравме да имаме обезбедување во близина за снимањето на видеото“ – пишува Персин на социјалните мрежи.

Иако во овој случај станува збор за лажен брак, за жал низ многу земји низ светот детските бракови се прифатени како нормални. На крајот на видеото се вели дека секој ден 33.000 девојчиња низ светот се принудени да стапат во брак. Ним им е скратено правото на образование и им е украдено детството. „Ниту едно дете не треба да минува низ тоа“ – пишува Персин.

Социјален експеримент Социјален експеримент Социјален експеримент

За да го спроведе експериментот, Персин бил инспириран од друго видео снимено во Либан.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11218 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.