Почетна » Новости » Занимливости » Нов Гинисов рекорд: Запознајте го најнискиот брачен пар

Нов Гинисов рекорд: Запознајте го најнискиот брачен пар

Пауло Габриел и Качусија Лај Хосино влегоа во Гинисовата книга на рекорди како Најнизок брачен пар во светот. Младенците од Бразил имаат комбинирана висина од 181 сантиметар.

Најнизок брачен пар Најнизок брачен пар

Качусија е висока 91,13 сантиметри, а нејзиниот сакан 90,28 сантиметри. Со својот рекорд тие се надеваат дека ќе им покажат на луѓето дека сите треба да бидат третирани на ист начин, независно од физичкиот изглед.

„Ние се надеваме дека нашиот нов рекорд ќе го охрабри светот да гледа преку физичките разлики на другите и да разбере дека сите луѓе треба да бидат третирани еднакво“ – вели парот.

Најнизок брачен пар Најнизок брачен пар Најнизок брачен пар

До својата 21 година, Пауло не можел да оди самостојно. Желен за независност, во тинејџерските години тој започнал да користи детски велосипед со три тркала за да се движи и да ги извршува основните секојдневни потреби. Во 2008 година, тој успеал да научи сам да оди со помош на ортопедски чизми.

„Ние можеби сме ниски, но имаме големи срца и многу љубов еден за друг, како и за сите други во нашите животи. Нашиот живот не е без предизвици, но ние сме среќни што можеме да се справиме со предизвиците заедно“ – вели Качусија.

Најнизок брачен пар Најнизок брачен пар Најнизок брачен пар

Пауло и Качусија се запознале во 2008 година, но на почетокот комуницирале само преку интернет поради тоа што не живееле во ист град. По неколкугодишна врска на далечина, Качусија решила да се пресели во родниот град на Пауло.

Нивната свадба се одржа во септември. „Нашата свадба беше повеќе од тоа што планиравме, од тоа што сонувавме. Тоа беше првпат да ги видиме двете наши семејства заедно. Беше еден од оние моменти кои не можат да се купат со пари“ – додале младенците.

Најнизок брачен пар Најнизок брачен пар

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11418 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.