Почетна » Новости » Занимливости » Најслатката учителка: Малата генијалка од шоуто на Елен нè учи на интересни факти за земјите низ светот

Најслатката учителка: Малата генијалка од шоуто на Елен нè учи на интересни факти за земјите низ светот

Се сеќавате на 3-годишната Бриел, девојчето кое го одушеви светот со своето познавање на Периодниот систем на елементи?

Малата генијалка сега сними видео, во кое на неодолив начин нè запознава со различните земји од светот и ни кажува интересни факти за секоја од нив. Русија, Папуа Нова Гвинеја, Франција, Брегот на Слоновата Коска, Америка, Австралија се земјите кои Бриел ги покажува на глобусот.

Неодоливиот глас, слаткиот изглед и огромното знаење на девојчето ќе ви измамат слатка насмевка. Видеото од слатките лекции на Бриел е прегледувано 10,5 милиони пати.

This is a master class in how to be adorable.

Posted by Ellen DeGeneres on вторник, 2 февруари 2016
Бриел во шоуто на Елен

Во ноември, Бриел беше гостинка во шоуто на Елен, каде во живо покажа не само дека ги знае сите елементи од Периодниот систем, туку и сите држави во САД, Европа и Африка, како и нивните претседатели.

Вистинска мала генијалка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11270 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.