Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: 3-годишна генијалка ги знае сите елементи од Периодниот систем

ВИДЕО: 3-годишна генијалка ги знае сите елементи од Периодниот систем

Нема да ви се верува дека ова девојче има само 3 години, а веќе ги знае сите хемиски елементи од Периодниот систем, сите држави во САД, Европа и Африка, како и нивните претседатели.

Малата Бриел гостуваше во шоуто на Елен Деџенерис со својата мајка Кери и ги одушеви присутните со своето знаење. Во видеото, Елен ѝ покажува карти на кои се претставени елементите и нивните симболи, а Бриел го кажува целосното име на хемиските елементи и нивните карактеристики и објаснува каде можат да се пронајдат.

Најдобриот дел е кога Елен ќе ја праша Бриел како успева да запомни толку многу информации. „Мојот мал мозок едноставно помни“ – ѝ одговара таа.

На крајот, Елен ѝ подарува на малата генијалка катче во кое ќе може да го зголемува своето знаење.

Видео

Бриел во шоуто на Елен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9526 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.