Почетна » Новости » Занимливости » Мајка на глуво девојче создава инклузивни кукли за децата со здравствени проблеми да можат да се поврзат со нив

Мајка на глуво девојче создава инклузивни кукли за децата со здравствени проблеми да можат да се поврзат со нив

Децата обожаваат да си играат со кукли. Но, за нив е многу важно да имаат кукли во кои ќе можат да се препознаат себеси и преку кои ќе се спознаваат и себеси и светот.

За жал, за децата кои имаат здравствени проблеми или изгледаат различно од другите деца најчесто нема кукли со кои ќе можат да се асоцираат и поврзат. Тоа го забележала Клер Товел од Британија и одлучила да преземе нешто.

Таа ја создала „Bright Ears UK“, непрофитна организација која модифицира кукли за да ги прилагоди на здравствените состојби на децата. Целта на Клер е секое дете со хендикеп да си игра со кукла како него.

Нејзина најголема инспирација била ќеркичката Матилда која е глува.

Клер Товел Клер Товел Клер Товел Клер Товел Клер Товел

„Бев обесхрабрена кога не можев да најдам кукла и каква било играчка со слушно помагало. Ми се чини дека општеството не го смета ова за важно и поради тоа не треба да се преземе нешто“ – рекла Клер.

Клер Товел Клер Товел Клер Товел Клер Товел

Во период од три години, Клер има продадено повеќе од 2 илјади кукли. Таа се надева дека ќе ги охрабри децата и дека ќе промовира инклузивност. Нејзин сон е децата со здравствени проблеми да можат да си купат кукла како нив на рафтовите во продавниците за на тој начин да се чувствуваат нормално.

Клер Товел Клер Товел Клер Товел Клер Товел Клер Товел Клер Товел Клер Товел Клер Товел Клер Товел Клер Товел Клер Товел Клер Товел Клер Товел Клер Товел Клер Товел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.