Почетна » Новости » Занимливости » 10 нешта кои вашата мајка никогаш не ви ги кажала

10 нешта кои вашата мајка никогаш не ви ги кажала

Мајчинството можеби е најтешката работа на светот. За да се квалификувате за неа, потребно е да бидете подготвени за стресни и напорни моменти, непреспани ноќи, стравови и жртвувања, без престан, 24/7.

Но, најчесто децата не се свесни за сè она што нивните мајки искусуваат додека се трудат да им го пружат најдобриот, најспокојниот и најубавиот живот што можат.

Наташа Крег е мајка која обожава да ги преточува во текстови своите уникатни погледи кон животот, љубовта, бракот и задоволствата од мајчинството. Неодамна на својот блог Крег објави хит текст „10 нешта кои вашата мајка никогаш не ви ги кажала“ и допре до милиони луѓе. Прочитајте го текстот кој ќе ви ја зголеми почитта и благодарноста кон жената која ви подари живот и ќе ве натера да ѝ ја дадете најсилната прегратка досега.

Наташа Крег со ќерка си ХарперНаташа Крег со ќерка си Харпер

Бремена.

Таму беа, јасни како ден, две сини линии кои зјапаа во мене од малиот тест за бременост кој само што го купив.

Проверив двапати...

Една линија= не си бремена.

Две линии = бремена си.

Да, дефинитивно бев бремена.

Срцето силно ми чукаше.

Ми се вртеше во главата.

Стомакот ми се превртуваше.

Бев нервозна, возбудена, исплашена и екстатична, сè истовремено.

Навистина се случи! По години сонување, подготвување и очекување на овој ден, тој конечно дојде. Знаев дека ќе станам мајка.

Не знаев дека за девет кратки месеци ќе го започнам најисцрпувачкото и најемотивното патување кое ќе ми го промени животот, но кое и бескрајно ќе ме награди.

Еве 10 нешта кои мајка ти никогаш досега не ти ги кажала...

  1. Таа плачеше заради тебе... многу. Таа плачеше кога дозна дека е бремена. Плачеше кога те роди. Плачеше кога за првпат те држеше во раце. Плачеше од среќа. Плачеше од страв. Плачеше од грижи. Плачеше бидејќи сочувствуваше толку длабоко со тебе. Таа ја чувствуваше твојата болка и твојата среќа и ги делеше со тебе, независно дали ти го разбираше тоа или не.
  2. Таа го сакаше тоа последно парче од питата. Но, кога те виде како го гледаш со своите големи очи и како си ги лижеш усните со малечкото јазиче, таа не можеше да го изеде. Таа знаеше дека ќе биде многу посреќна ако твојот стомак биде полн наместо нејзиниот.
  3. Ја болеше. Кога ќе ѝ ја искорнеше косата, ја болеше; кога ќе ја изгребеше со тие остри нокти кои беше невозможно да се исечат, ја болеше; кога ќе ја гризнеше додека пиеше млеко, тоа ја болеше исто така. Ти ѝ ги наби ребрата кога ја клоцаше од внатрешноста на нејзиниот стомак; ти ѝ го растегнуваше стомакот девет месеци; ти беше причината за нејзиното тело да се стега во измачувачка болка додека доаѓаше на овој свет.
  4. Таа беше постојано исплашена. Од моментот кога си зачната, таа правеше сè што е во нејзина моќ за да те заштити. Таа беше дамата која сакаше да каже „не“ кога малото девојче од соседството побара да те подржи и која се тресеше кога тоа те зеде в раце, бидејќи во нејзината глава никој не можеше да те чува како што те чуваше таа. Нејзиното срце прескокна две отчукувања со твоите први чекори. Таа те чекаше до доцна навечер за да се увери дека се врати дома безбедно и се будеше рано наутро за да те испрати на училиште. Кога ќе се сопнеше, таа беше во близина, таа беше подготвена да го избрка секој лош сон и високата температура. Таа беше таму за да се осигури дека си добро.
  5. Таа знае дека не е совршена. Таа си е себеси најлошиот критичар. Таа си ги знае сите маани и понекогаш се мрази поради нив. Но, најсурова е кон себе кога се работи за тебе. Таа сакаше да биде совршена мајка, да не погреши ништо. Но, грешеше, затоа што е човек. Најверојатно сè уште се труди да си опрости себеси за грешките. Таа посакува со целото свое срце да може да се врати назад во времето и да постапи поинаку, но не може, па биди добра кон неа и знај дека таа го направи најдоброто што умееше да го направи.
  6. Таа те гледаше додека спиеше. Имаше ноќи кога таа беше будна и во 3 часот наутро, молејќи се конечно да заспиеш. Таа едвај ги држеше очите отворени додека ти пееше и те молеше и молеше да заспиеш. Потоа, кога конечно ќе заспиеше, ќе те легнеше, а целиот нејзин умор накратко ќе исчезнеше додека седејќи покрај твоето креветче ти го гледаше совршеното ангелско лице. Во тој момент таа чувствуваше огромна љубов за каква што не знаеше дека е возможна, без оглед на тоа што ја болеа истоштените раце и очи.
  7. Таа те носеше многу повеќе од девет месеци. Ти имаше потреба од тоа. Таа се научи да те држи в раце додека чисти, таа научи да те држи додека јаде, таа дури и те држеше во спиењето. Нејзините раце ќе се умореа, грбот ќе ја болеше, но таа сè уште ќе те држеше, бидејќи ти сакаше да бидеш блиску до неа. Таа те гушкаше, те сакаше, те бакнуваше и си играше со тебе. Ти се чувствуваше безбедно во нејзините раце, ти беше среќна во нејзините раце, ти знаеше дека си сакана во нејзините раце, па таа те држеше онолку често и онолку долго колку што ти беше потребно.
  8. Нејзиното срце се кршеше секогаш кога ти плачеше. За неа не постоеше потажен звук од твоето плачење, или поужасна глетка од солзите кои течеа по твоето совршено лице. Правеше сè што е во нејзина моќ за да го запре твоето плачење, а кога не можеше да ги запре твоите солзи, нејзиното срце се кршеше на милион мали парчиња.
  9. Таа те ставаше на прво место. Издржуваше без храна, без туширање и без спиење. Секогаш ги ставаше твоите потреби пред своите. Ќе го поминеше цел ден задоволувајќи ги твоите потреби и на крајот на денот немаше да има енергија за себе. Но, следниот ден ќе се разбудеше и ќе го направеше истото повторно, бидејќи ти ѝ значеше премногу.
  10. Таа би го направила истото повторно. Да бидеш мајка е една од најтешките работи и може да те одведе до сопствените граници понекогаш. Плачеш, чувствуваш болка, се трудиш, доживуваш неуспеси, работиш и учиш. Но, исто така чувствуваш повеќе радост отколку што си мислела дека е возможно и чувствуваш многу повеќе љубов одошто твоето срце може да собере. И покрај сета болка, тага, непреспани ноќи и будење рано наутро низ кои ти ја поведе мајка ти, таа би го направила тоа повторно за тебе, бидејќи ти вредиш за неа. Па, следниот пат кога ќе ја видиш, кажи ѝ благодарам. Дај ѝ до знаење дека ја сакаш. Колку и да ѝ го повторувате тоа, неа никогаш нема да ѝ биде доволно.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11091 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.