Почетна » Новости » Занимливости » Мајка ѝ се заблагодари на новата девојка на бившиот сопруг, стана вирален хит

Мајка ѝ се заблагодари на новата девојка на бившиот сопруг, стана вирален хит

Најчесто жените со омраза ги гледаат новите девојки на своите поранешни партнери, но не и Одри Никол. Таа напиша писмо до девојката на бившиот сопруг исполнето со убави зборови и пораки за благодарност што се грижи за нејзината ќеркичка.

Пораката која го руши стереотипот за „злобната маќеа“ беше објавена на Facebook профилот на Love What Matters и за кратко време се распространи на интернет. Постот досега има 70.000 допаѓања и поттикна многу лица да ги споделат своите приказни. Прочитајте ја:

Маќеа со ќерка

Ова е девојката на таткото на мојата ќерка. Таа е најмилото нешто. Многу сум благодарна за неа, бидејќи кога ќерка ми е на посета кај татко си, таа ја храни, се грижи за неа, ѝ купува подароци, односно се грижи за неа како за свое дете.

Зошто сите тие мајки реагираат зајадливо и со љубомора кон другите жени? НИКОЈ не рече дека е лесно да се трудиш да бидеш мајка на дете кое не е твое. Па, кога некој се труди, не го оттурнувајте! Бидејќи НЕ му е потребна драма и ЌЕ си замине и вие ќе останете со некоја која е злобна маќеа. Да, тие постојат! Ги гледам насекаде. Детето може да има две мајки, бидејќи во моите очи, колку повеќе луѓе ја сакаат ќерка ми, толку сум посреќна. Не би сакала да се чувствува како аутсајдер. Екстремно сум благодарна за оваа девојка.

Дами, пораснете и фокусирајте се на тоа да бидете добра мајка. Сакајте повеќе, мразете помалку!

Никол со ќерка сиНикол со ќерка си

Пораката привлече многу лајкови и коментари. Во еден од нив се вели: „Првата реченица ме збуни за секунда. Прекрасно е да се гледа како луѓе се здружуваат за ова прекрасно дете и ја ставаат неа како број 1 приоритет.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9469 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.