Почетна » Новости » Занимливости » Мајка ги повикува родителите да ги оставаат телефоните настрана кога се со децата, еве зошто

Мајка ги повикува родителите да ги оставаат телефоните настрана кога се со децата, еве зошто

Мајка ги повикува родителите да престанат да ги користат телефоните кога се со своите деца, зашто „висејќи“ на социјалните мрежи не само што пропуштаат скапоцени моменти, туку и им пренесуваат порака дека животот онлајн е поважен од реалниот.

Бренди Вуд решила да спроведе мал „експеримент“ додека нејзините 2-годишни близначиња си играле. Наместо да искористи прилика да провери што има ново на интернет, таа посветено ја набљудувала играта на синчињата Блејн и Рајли и запишувала колку пати ќе погледнат во неа, барајќи внимание или одобрување/ неодобрување.

Верувале или не, малите дечиња го свртиле погледот кон Бренда 28 пати во текот на играта, што ја поттикнало да го напише следниов текст на својот профил на Facebook:

Бренди Вуд

Денес направив експеримент, ги гледав моите деца како си играат. Додека седев тивко во аголот од собата, запишував колкупати ќе погледнат во мене поради различни причини: за да проверат дали сум ги видела како прават кул трикови, за да побараат одобрување или неодобрување за нивните постапки и за да ги видат моите реакции. Не можев, а да не се запрашам себеси каква порака им испраќам кога седам на некој гаџет?

28 пати моите ангели ќе се запрашаа дали интернетот ми е поважен од нив.

28 пати моите момчиња немаше да го добијат вниманието кое им е потребно.

28 пати моите сакани ќе се прашуваа дали добиваат емоционална поддршка.

28 пати моите деца ќе се увереја дека е навистина важно каков си онлајн.

Во свет каде сме прифаќани според начинот на кој нè гледаат луѓето, а не според она што сме... Во свет каде сме ценети по тоа колку следбеници или лајкови имаме... Во свет каде квалитетното време со саканите е заменето со изолација и СМС пораки од другата соба, ве замолувам да бидете поразлични.

Ве молам, оставете ја технологијата настрана и поминете време со вашето семејство и со саканите. Следната генерација деца смета на нас за да ги научиме како да бидат возрасни. Престанете да се занимавате со социјалните мрежи, не можете ни да претпоставите кој ве гледа и каква порака му испраќате.

Текстот на Вуд брзо се проширил на социјалните мрежи и досега е споделуван 80.000 пати.

Бренди Вуд

Во интервју за The Huffington Post таа рекла: „Мислам дека технологијата треба да биде ограничена, да се пронајде здрав баланс. Таа е нож со две острици. Може да помогне и да уназади. И јас сум виновна што постојано сум на мојот телефон, но ова искуство ме поттикна да бидам поприсутна“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.