Почетна » Новости » Занимливости » Мајка евоцира спомени: „Ти нема да се сеќаваш, но јас ќе се сеќавам“

Мајка евоцира спомени: „Ти нема да се сеќаваш, но јас ќе се сеќавам“

Мајките минуваат низ многу луди, возбудливи и незаборавни моменти за време на бременоста и во првите години од животот на детето. Но, додека малите палавковци нема да се сеќаваат на нив, мајките ги чуваат тие мигови како скапоцени спомени.

Џесика Димас е мајка на два сина и блогерка, чиј текст „Ти нема да се сеќаваш, но јас ќе се сеќавам“ допре до срцата на стотици илјади лица.

Момче

Ти нема да се сеќаваш како стоев во бањата доцна во ноќта кога имав породилни болки, плашливо и возбудено зјапајќи во месечината, знаејќи дека наскоро ќе те донесам на овој свет. Ти шепотев: „Ние можеме да го направиме ова“.

Ти нема да се сеќаваш на начинот на кој ме погледна веднаш штом се роди или како те повлеков и те поставив веднаш до моето срце и вчудоневидено ти шепнав на увото „Здраво, бебе“.

Ти нема да се сеќаваш како ми го излечи скршениот дух и ми го исполни срцето. Бев слаба пред да те добијам, но ти направи повторно да се чувствувам целосна.

Ти нема да се сеќаваш како со гордост те набљудував каде и да одевме, ти за мене секогаш беше најубавото момче во секоја просторија.

Ти нема да се сеќаваш како ме смееше со сите твои будалести постапки. Видов колку добрина се крие во твоето срце.

Ти нема да се сеќаваш како ти ја тргав косата од челото и на начинот на кој ме погледнуваше. Без зборови, нашите души можеа да се допрат и да си кажат една на друга сè што зборовите не можеа.

Ти нема да се сеќаваш на веселите скокоткања и како јас секогаш мамев само за да можам да те држам блиску и да го прекријам твоето мало солено лице со бакнежи.

Ти нема да се сеќаваш на сите вечери во кои лежев во креветот и чувствував страв заради тоа што ти сум мајка: „Дали постапувам правилно?“, „Дали веќе оплескав премногу пати?“, „Дали можам да бидам мајката која нему му е потребна?“

Ти нема да се сеќаваш како срцето ми се кршеше, а потоа стануваше поголемо, секојпат кога ќе поминеше низ важен момент од твојот живот, а јас гледав во песочниот часовник, чувствувајќи неизмерна радост што сум сведок на твоето растење и развивање.

Ти нема да се сеќаваш како ги држев твоите малечки стапала во моите раце, замислувајќи си дека еден ден ќе пораснат поголеми и од моите стапала и дека ќе треба да те пуштам да си одиш.

Ти нема да се сеќаваш, но јас ќе се сеќавам... и ќе ги чувам тие спомени во моето срце и за двајцата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11110 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.