Почетна » Новости » Занимливости » Мајка возврати на критиките дека не требало да работи штом има мало дете дома

Мајка возврати на критиките дека не требало да работи штом има мало дете дома

Мајка, која била критикувана дека работи додека нејзиното дете е мало, возврати на критиките преку отворено писмо објавено на Twitter и доби огромна поддршка. Во него, таа објаснува дека и покрај тоа што се чувствува виновно што пропушта скапоцени моменти, ќе продолжи да работи за да создаде подобра иднина за своето дете.

Критиките до Сузан Киох биле упатени на Twitter од маж кој таа не го именува, а кој сметал дека таа не треба да има работа и мало дете истовремено. Наместо само да го игнорира неговиот коментар, телевизиската водителка напишала одговор до него, кој го објавила на популарната социјална мрежа.

Сузан Киох со ќерка си

„Неделава бев критикувана од маж кој мисли дека не треба да имам бебе И работа. Еве што мислам јас“ – напиша таа.

Почитуван храбар маж,

Ја добив твојата порака. Онаа во која велиш дека треба да си дадам отказ ако толку многу ми недостига моето 4-годишно девојче додека сум на работа. Или во најмала рака да престанам да објавувам фотографии од неа. Како досега не сум се сетила на тоа? Многу корисен совет.

Работам поради многу причини. Си ја сакам работата. Таа е многу важна за мене. Не е важна како спасување животи, го разбирам тоа, но е важна за мене. Уживам во неа. Ме прави среќна и задоволна. И како резултат на тоа, јас сум подобра мајка.

Работам од понеделник до петок. Тоа се 5 дена во кои моето дете оди во градинка. Шлагот на тортата – во повеќето денови, го пропуштам приспивањето на моето дете навечер. Знаеш ли колку луѓе ми го имаат посочено тоа? ПРЕМНОГУ.

Мојот сопруг заминува од дома во 5 часот секое утро. Тој го пропушта утринското будење секој ден. Погоди колку лица му го имаат посочено тоа? НУЛА.

Дали чувствувам вина? Секој ден. Понекогаш десет пати на ден. Дали посакувам да можам да го запрам времето во викендите? Се разбира дека сакам. Но, јас работам за да ѝ овозможам подобра иднина на мојата ќерка. За кога ќе наполни 16 години и ќе посака да замине на училишно патување на скијање, да можам да ѝ речам „да“. Се разбира дека се плашам дека еден ден таа ќе се сврти кон мене и ќе ми рече дека би преферирала да останев дома и постојано да бев со неа. Но, се обложувам дека таа ќе го избере патувањето на скијање, така? Така???

Кога мојата малечка посакува да биде „дама со цвеќе“ штом ќе порасне, не сум сигурна дали мисли да продава цвеќиња или да носи цвеќиња на себе. Не ми е важно. Не градам кариера за да ѝ покажам дека и таа може да има. Таа може да прави сè што ќе посака. Претпоставувам тоа е причината што и јас работам. Сакам да ѝ покажам дека има право на избор. Сакам да биде доволно самоуверена за да го направи најправилниот избор за себе. Сакам да избере среќа.

Сузан Киох со ќерка си

Писмото на Сузан стана вистински хит на Twitter, каде многумина споделија дека им се благодарни на своите мајки што работеле и истовремено се грижеле за нив, нарекувајќи ги „херои“ и „инспирација“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11277 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.