Почетна » Новости » Занимливости » Мајка 20 години чувала писмо за посвоената ќерка за да ѝ го подари на свадбата

Мајка 20 години чувала писмо за посвоената ќерка за да ѝ го подари на свадбата

Мајчината љубов е безгранична и мајките се подготвени да направат сè за да измамат насмевка на лицата на своите чеда.

Внимателна мајка цели 20 години го чувала писмото кое го напишала за својата посвоена ќерка, за да ѝ го поклони на денот на нејзината свадба.

Свадба

Шери и Крег Блеклеџ не можеле да имаат деца, па решиле преку посвојување да ја исполнат таа празнина во своите животи. Најпрво тие го посвоиле синот Брајан, а единаесет години подоцна, тие ја добиле честа да станат родители и на девојче – малечката Брук.

Еден ден, гледајќи ја како безгрижно спие во креветчето, Шери и Крег решиле да ја изразат својата љубов кон малото девојче преку емотивно писмо. „Бидејќи е посвоена, сакав да знае колку многу ја сакам“ – рекла Шери.

Таа одлучила да го сочува писмото до денот на свадбата на Брук, а за да биде изненадувањето подрагоцено, посветената мајка дури и го пренела напишаното писмо на дел од својот невестински фустан.

Погледнете го емотивниот момент, кога Брук ќе го прочита долго чуваното писмо.

15 декември, 1994 година

Наше драго мало бебе Брук,

Додека го пишувам ова, ти спиеш безгрижно во твоето креветче. Ти имаш 18 месеци.

Ние само сакаме да знаеш колку многу љубов и среќа ни донесе. Нè направи навистина прекрасно семејство. Мало бесценето девојче за мене и за Тато и мала сестричка за Брајан.

Пред да се земеме со татко ти, секогаш велевме дека сакаме мало момче и мало девојче. Кога се состанувавме, рековме ако некогаш имаме девојче, дека таа ќе се вика Брук. Ти си нашата малечка Брук.

Брук, ние само сакаме да знаеш дека ти си многу посебна за нас и дека Бог те избра како екстра специјална и те испрати до Мама, Тато и Брајан.

Те сакаме,

Мама и Тато

„Се изгубив и започнав да липам, особено кога го видов татко ми како плаче. Нема збор за емоцијата која ја почувствував во тој момент“ – изјавила Брук.

Свадба Свадба Свадба

Младиот брачен пар ќе го добие своето прво дете во јануари следната година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11427 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.