Почетна » Новости » Занимливости » Маж побарал од сопругата да нацрта што сè ѝ се врти низ глава, еве го одговорот

Маж побарал од сопругата да нацрта што сè ѝ се врти низ глава, еве го одговорот

Жена преку хаотичен цртеж му ги претстави своите мисли на сопругот и стана хит на Reddit и Imgur. Цртежот беше објавен од корисникот bpwwhirl, а во описот стои „Побарав од мојата сопруга да ми нацрта слика со сè што се врти во нејзината глава. Ова е нејзиниот одговор“.

Портрет

„Куќата е валкана“, „Сметки, желби, потреби“, „Имам студентски долг“, „Каде е она нешто што не можам да го пронајдам од пред 2 години?“, „Деца – здравје, облека, ручек, храна, играчки/ соби/ хаос, однесување, хигиена“, „Сакам милкшејк“, „Стивен – ме усреќува, го усреќувам, ми е најдобар пријател, треба да го направиме тоа сега...“... Ова е само дел од напишаното на цртежот кој има речиси 2 милиони прегледувања на Imgur.

Цртежот предизвика море од коментари, а еден од корисниците побрза и да му даде совет да го искористи цртежот како средство за да ја усреќи својата сакана. „Гледај на ова како на прозорец кон нејзиниот ум и искористи го за да ја усреќиш“ – стои во коментарите.

Цртеж Цртеж Цртеж Цртеж

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11278 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.