Почетна » Новости » Занимливости » Крај на прекрасно поглавје: Мајка со фотографии и видео во кое плаче се збогуваше со доењето на ќерката

Крај на прекрасно поглавје: Мајка со фотографии и видео во кое плаче се збогуваше со доењето на ќерката

Маја Вордерстрас е блогерка која редовно го документира својот живот со фотографии и видеа кои ги споделува на Instagram.

Неодамна, таа објави две фотографии „пред и потоа“ и видео во кое плаче за да се збогува со доењето на ќеркичката Хејзел. Емотивната мајка им разбуди многу чувства на жените кои веќе го поминале нејзиниот пат и доби огромна поддршка во коментарите.

Првиот и последниот пат кога ја доев мојата скапоцена Хејзел.

Не знаев дека една личност може да се чувствува толку гордо и толку скршено истовремено. Во моментов сум хормонален, емоционален и ментален хаос. Ми беше многу тешко да ја подигнам раката зашто морав да се борам со неконтролираните солзи. Оваа фотографија значеше дека никогаш повеќе нема да ја дојам мојата Хејзел. Доев толку долго што веќе не знам како е да не доиш повеќе.

Јас бев нејзина утеха, нејзино безбедно место и се надевам дека таа ќе продолжи да ме гледа на тој начин. Еден месец пред вториот роденден, таа конечно има кревет во иста соба со сестра си.

Болно е кога треба да се затвори едно поглавје, но се надевам дека овој нов период од нашите животи ќе биде специјален на свој начин. Преку овој чекор на созревање, таа не само што ќе стане понезависна, туку и јас ќе го добијам потребниот одмор.

Кога таа престана да цица за последен пат, му реков на мојот сопруг: „Го направив најдоброто што можев“.

Тој ме гушна и ми одговори: „Не. Ти го направи НАЈДОБРОТО, бидејќи ѝ даде сè од себе“.

Го обожавам моето семејство и сум благодарна за специјалните и незаборавни моменти, како овој.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11102 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.