Холивудскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал привлекоа внимание со својот елегантен изглед при пристигнувањето во Венеција, каде што ќе присуствуваат на годинешното издание на Филмскиот фестивал.
Пред премиерата на неговиот филм „Jay Kelly“, 64-годишниот оскаровец беше фотографиран со 47-годишната адвокатката за човекови права, која блескаше во елегантен жолт фустан од Balmain.








Нивното доаѓање во Венеција следи по семејниот престој во нивната луксузна вила на живописното Езеро Комо, која се проценува на неверојатни 100 милиони долари. Парот беше фотографиран на пат кон вилата заедно со своите 8-годишни близначиња, Ела и Александар, како и во друштво на неколку славни пријатели.







