Сакајќи да ја разбие монотонијата од споделување на совршени труднички и мајчински фотографии, Маја Вордерстрас одлучила да создава фотографии исполнети со хумор кои ја отсликуваат хаотичната реалност.
„Ќе продолжам со смеење да излегувам од пелените и врескањето, затоа што кога ќе се навратам на мојот живот, сакам да го помнам како забавен и исполнет со леснотија и љубов“ - рекла таа.

39 недела: Тој рече дека сум нерационална и под влијание на хормоните...
(Го натерав да се обиде да биде ЈАС на еден час. Не издржа ни 15 минути)

40 недела: Како може ова да се протне низ ова?!? Прашувам за пријателка...

33 недела: Кога твојата жена е толку бремена, не го јадеш последното (парче) од ништо.

37 недела: Факт - Го заслужив правото да не носам панталони.

29 недела: Не можам да престанам да јадам. Не ме собираат чевлите. Не е можно да бидам посреќна.

35 недела: Розите се црвени, љубичиците се сини, јас сум премногу бремена за да римувам. Дајте ми сладолед!

27 недела: Интензивен ишијас. Полуден мочен меур. Потполно вреди сè.

31 недела: Не можам да си ги видам стапалата. Некако морам да мочам. Тоа е во ред со мене!

Ирски близнаци, 1 недела: Да, одлично се справуваме, фала на прашање.... Пратете помош. Но навистина.
Маја е мајка на новороденче и 1-годишна ќерка.