Почетна » Новости » Занимливости » Комфор и пристапни цени за македонските граѓани во туристичките објекти на „Балфин“

Комфор и пристапни цени за македонските граѓани во туристичките објекти на „Балфин“

Албанија станува една од најатрактивните туристички дестинации во регионот што во најголем дел е резултат на пристапните цени, пространите песочни плажи и фактот дека крајбрежјето се простира и на Јонското и на Јадранското море. Едни од највпечатливите дестинации во државата се ресортите изградени од инвестициската групација „Балфин“ - Vala Mar и Green coast.

Оваа компанија во нашата земја е присутна со две инвестиции, „Ист гејт“ која работи на изградба на мултифункционален комплекс со исто име во Скопје и „Нептун“, најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ, аудио и видео опрема, компјутери, телефони, фотоапарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење. Инвестициите во туризмот се едни од најамбициозните проекти на „Балфин“ и засега се насочени кон Албанија и Австрија каде компанијата гради комплекс во областа Алтминстер, познат туристички предел во близина на езерото Траунзе.

Vala Mar е оаза на спокојството

Резиденциите Vala Mar се главна дестинација за одмор за поединци и за семејства кои сакаат да уживаат во природата, но воедно важни им се и безбедноста, квалитетот на градба и инфраструктурата. Ресортот е сместен во преубавата природа на Хамалај (во близина на Драч), се простира на 310 метри крајбрежје и цели да стане главна туристичка дестинација. Објектите во рамки на овој ресорт како вили и апартмани од различен тип се лоцирани во впечатливо зеленило и „гледаат“ кон заливот Гири и Лалзит. Ова е еден од најдобро зачуваните делови на Јадранското море.

Целата област е популарна поради природата, историските и археолошките атракции меѓу кои и резерватот за ловење Рушкул, родонската тврдина, р’тот на Родон и националниот парк во Рушкул. Природната вегетација на областа е стара 80 години и дивината и боровите доминираат во околината. Националниот парк Рушкул со 380 хектари густа и убава шума е лоциран во заливот Лалзит. Крајбрежјето е лоцирано релативно далеку од урбаните области и е идеална дестинација за тие што уживаат во рибарењето или во едрењето.

Вила Мар Вила Мар

Резиденциите Vala Mar се комбинација на искуство, професионализам и напредна методологија за доброто на идните „жители”, локалната заедница и на туризмот во Албанија. Оваа заедница нуди голем број на услуги, објекти и опции за забава со која се осигурува пријатен престој. Воедно, оваа заедница е лоцирана блиску до големи градови, но позицијата и постојаниот развој на инфраструструктурата ѝ дава уште поголема вредност на Vala Mar профилирајќи ја како прва станица за одмор на Јадранското море и оаза на спокојството.

Вила Мар

Vala Mar е опкружена со зелени површини и е идеално место за пикник во природа или за уживање во зајдисонцето. Исто така, повеќето традиционални ресторани и интересни локални продавнички ја надополнуваат убавината. Луѓето може да направат и безбедна инвестиција во иднината така што ќе купат вила или апартман во Vala Mar и воедно има опции за изнајмување на продавници во рамки на ресортот. Повеќе информации може да се најдат на веб-страницата на Vala Mar https://valamarresidences.al/en/

Луксузен ресорт за нуркање и за возење кану

Green Coast е единствениот луксузен ресорт лоциран на една од најубавите плажи на албанското крајбрежје, Паласа. Тука се сретнуваат Медитеранот и Јонското море креирајќи воодушевувачки пејсаж во една од најатрактивните локации во земјата. Регионот Паласа е место каде се зачувани природата и наследството на античките градови и цивилизации.

Ресортот Green Coast има четири типа на градби, од елитни вили до апартмани. Овие пространи и стилски подготвени вили и апартмани нудат исклучителен поглед, а комплетната архитектура е инспирирана од регионот, куќи на два ката кои хармонично се претопени во зеленилото и имаат поглед на море.

Ресортот е блиску до Валона, Дерми, Химара, Саранда, античкиот град Бутринт (заштитен од УНЕСКО како историско наследство) и други населени места каде старите занаети сèуште се применуваат. Во Паласа можете да чекорите таму каде што Гај Јулиј Цезар некогаш чекорел со оглед дека тоа е пат каде познатиот император ги водел своите трупи во историската битка против Помпеја која се случила во блискиот град Орикум.

Green Coast

Во околината има и неверојатни можности за одмор и прошетка во природа како и за секакви авантури. Green Coast нуди и голем број на активности како едрење, возење на кану, морски тури, нуркање, параглајдеризам и истражување на пештери со чамец итн. Додека посетителите може да вежбаат и јога, да медитираат, да играат кошарка, одбојка и други спортови.

„Балфин“ планира изградба и на хотел со 5 ѕвезди во рамки на ресортот, а во моментов има одлична понуда да се купи вила со заем од одредени албански банки кои пак може да се добие без гаранција. Дополнително, отворена е и програма за изнајмување, услуга која им се нуди на жителите со која може да го остават објектот во рацете на искусен тим кој ќе се погрижи за 13 години да им се врати инвестицијата и да почнат да заработуваат. Повеќе информации може да се добијат директно на веб-страницата https://greencoast.al/en/

Green Coast

„Балфин“ е една од најголемите приватни инвестициски групации во регионот, која е позната по своите инвестиции во трговски центри, резиденцијални и комерцијални објекти, туристички проекти, како што Green Coast Resort и Vala Mar Residences, активности во модната и во рударската индустрија, како и во сферата на малопродажбата со „Нептун“, „Џамбо“, SPAR и други. „Балфин“ неодамна заедно со нашата Комерцијална банка го комплетираше купувањето на Тирана банк. Под капата на „Балфин“ се 18 претпријатија кои функционираат во различни сфери, а сместени се во седум држави и бројат повеќе од 5.000 вработени. Покрај во Албанија и во нашата земја, групацијата е присутна со различни типови на проекти и во: Австрија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Холандија.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.