Почетна » Новости » Занимливости » „Како ме гледате вие?“ Оливија Вајлд во видео со моќна порака за Дауновиот синдром

„Како ме гледате вие?“ Оливија Вајлд во видео со моќна порака за Дауновиот синдром

Оливија Вајлд сними моќно видео кое пренесува силна порака и ја подигнува свеста за Дауновиот синдром.

Видеото започнува со рефлексија на познатата актерка во огледало, а продолжува со зборовите: „Вака јас се гледам себеси. Се гледам себеси како ќерка, сестра и најдобра пријателка. Како личност на која можеш да се потпреш. Се гледам себеси како запознавам некој со кого ќе го споделам животот. Се гледам себеси како пеам, танцувам и се смеам додека не останам без здив. И како плачам, понекогаш. Се гледам себеси како ги следам моите соништа, дури и ако се невозможни. Особено затоа што се невозможни. Се гледам себеси како нормална личност, со важен и убав живот со смисла. Вака јас се гледам себеси. Како ме гледате вие?“

На крајот од видеото, се покажува вистинската личност која ги изговара зборовите – Анароуз Рабрајт, 19-годишна студентка која има Даунов синдром. Покрај тоа што посетува редовна настава во колеџ, Рабрајт има и своја работа во центар за физикална терапија и е спортистка.

„Ајде да го промениме начинот на кој ги гледаме лицата со Даунов синдром“ – пишува во описот на видеото.

Анароуз Рабрајт Анароуз Рабрајт

Видеото е создадено од CoorDown, италијанска организација која секоја година создава слични видеа пред 21 март, Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.

Видеото од 2014 година

Видеото од 2015 година

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11427 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.