Почетна » Новости » Занимливости » Им возврати на оние кои велат дека полничките девојки не треба да носат бикини или хеланки

Им возврати на оние кои велат дека полничките девојки не треба да носат бикини или хеланки

Девојка го покажа своето тело во бикини, хеланки, кратки панталони и кратка маичка за да пренесе порака дека секоја жена може да носи сè што ќе посака.

Сара Пети Сара Пети

Сара Пети постојано читала на социјалните мрежи коментари од типот: „Ако имаш над 90 кг, не носи бикини“, „Ако имаш над 90 кг, не носи кратка маичка, „Ако имаш над 90 кг, не носи хеланки во јавност“, па дури и „Внимание, сите девојки над 90 кг, ве молам направете си себеси и на сите нас услуга и фрлете ги шорцевите в ѓубре. Грозно“.

Иако коментарите не биле упатени директно на нејзино име, 20-годишната девојка чувствувала дека треба да ги земе нештата во свои раце и да им покаже на сите дека грешат.

Сара се фотографирала со облека, која според некои, е наменета за слаби девојки – кратка маичка, шорц, хеланки и бикини – а фотографиите ги објавила на својот профил на Twitter со пораката: „Девојки: Носете сè што ќе посакате“.

Објавата на Сара инстантно стана хит со 67 илјади ретвитови и 78 илјади допаѓања.

Сара Пети Сара Пети Сара Пети Сара Пети

„Се надевам дека жените ќе сфатат колку е важно да престанат да се оцрнуваат и ќе започнат да се бодрат една со друга. Многу нешта се насочени против жените, не ни треба и други жени да бидат против нас. Исто така, се надевам дека жените ќе го разграничат она што навистина се од бројката на вагата и ќе сфатат дека не постои број, висок или низок, кој диктира дали тие вредат или дали се убави“ – рекла Сара.

Сара Пети

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.