Почетна » Новости » Занимливости » „Животот е премногу краток за да си трошиш време мразејќи некого“: 50 скапоцени животни лекции

„Животот е премногу краток за да си трошиш време мразејќи некого“: 50 скапоцени животни лекции

Кој не сака да апсорбира животни лекции од најдобрите?

Најпознатата колумна на Реџина Брет, авторка на бестселери, колумнистка и мотивациски говорник е исполнета со кратки, но драгоцени совети.

Текстот е листа од животни лекции кои 59-годишната Брет ги напишала пред да наполни 45 години, а која ја дополнила со уште 5 лекции пред да го прослави својот јубилеен 50. роденден.

Девојка

„Со цел да го прославам моето стареење некогаш напишав 45 лекции на кои ме научи животот. Тоа е најбараната колумна која некогаш сум ја напишала. Кога мојот одометар ја помина 50-ката, ја ажурирав (со дополнителни 5 лекции)“ – вели таа.

Текстот со години е споделуван на социјалните мрежи и често погрешно се тврди дека животните правила се дело на 90-годишна старица.

  1. Животот не е фер, но сепак е убав.
  2. Најважниот сексуален орган е мозокот.
  3. Ти и само ти си одговорен за твојата среќа, никој друг.
  4. Кога сите би ги фрлиле проблемите во свој куп и би ги погледнале куповите на другите, веднаш би ги зграпчиле своите назад.
  5. Кога се колебаш, едноставно направи го следниот мал чекор.
  6. Животот е премногу краток за да си трошиш време мразејќи некого.
  7. Кога е чоколадото во прашање, давањето отпор е залудно.
  8. Помири се со минатото, за да не му дозволиш да ти ја уништи сегашноста.
  9. Ако некоја врска треба да биде тајна, ти не треба да бидеш дел од неа.
  10. Не се сфаќај себеси премногу сериозно. Никој друг не го прави тоа.
  11. Исплаќај ги долговите од кредитните картички секој месец.
  12. Не мора да бидеш победник во секоја расправија.
  13. Плачи пред некого. Тоа е многу полековито отколку да плачеш сам.
  14. Нема ништо лошо во тоа да му се лутиш на Бог. Тој може да го издржи тоа.
  15. Штеди за кога ќе се пензионираш. Започни уште со првата плата.
  16. Нема ништо лошо во тоа твоите деца да те видат како плачеш.
  17. Не го споредувај својот живот со животот на другите. Не можеш да знаеш какво е нивното патување.
  18. Сè може да се промени додека да трепнеш. Но, не грижи се, Бог никогаш не трепнува.
  19. Животот е премногу краток за долги и тажни разделби.
  20. Можеш да надминеш сè ако се посветиш на тоа денес.
  21. Писателот пишува. Ако сакаш да бидеш писател, пишувај.
  22. Никогаш не е предоцна за да имаш среќно детство. Но, второто детство зависи единствено од тебе.
  23. Кога се стремиш кон она што го сакаш во животот, не прифаќај „не“ како одговор.
  24. Запали ги свеќите, искористи ги убавите чаршафи, облечи си ја специјалната долна облека. Не ги чувај за посебни прилики. Денешниот ден е специјален.
  25. Издвој време за подготвување, а потоа препушти им се на моментите.
  26. Покажи ексцентричност сега. Не чекај да остариш за да носиш пурпурна боја.
  27. Мисли за секоја таканаречена трагедија на следниов начин: „Дали ова ќе ми биде важно по пет години?“
  28. Секогаш избирај живот.
  29. Опростувај секому сè.
  30. Не е твоја работа што мислат другите за тебе.
  31. Времето лекува речиси сè. Дај му време на времето.
  32. Независно дали некоја ситуација е добра или лоша, таа ќе се промени.
  33. Работата нема да се грижи за тебе кога си болен. Твоите пријатели ќе го направат тоа. Комуницирај со нив.
  34. Верувај во чуда.
  35. Бог те сака поради она што Бог е, а не поради нешто што си направил или не си направил.
  36. Она што нема да те убие навистина ќе те направи посилна личност.
  37. Остарувањето ја победува алтернативата да умреш млад.
  38. Твоите деца имаат само едно детство. Направи го незаборавно.
  39. Прочитај ги псалмите. Тие ги опфаќаат сите човекови емоции.
  40. Излегувај надвор секој ден. Чуда те очекуваат насекаде.
  41. Не го анализирај животот. Учествувај и искористи го максимално.
  42. Ослободи се од сè што не е корисно, убаво и радосно.
  43. На крајот на краиштата, она што е навистина важно е дека си сакал.
  44. Зависта е загуба на време. Веќе имаш сè што ти треба.
  45. Најдоброто допрва следува.
  46. Независно како се чувствуваш, стани, дотерај се и покажи се пред светот.
  47. Диши длабоко. Тоа го смирува умот.
  48. Ако не побараш, нема да добиеш.
  49. Давај.
  50. Животот не е врзан со панделка, но сепак е подарок.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11196 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.