Почетна » Новости » Занимливости » Животни лекции од 99-годишен старец

Животни лекции од 99-годишен старец

Велат мудроста доаѓа со годините, а најдобрите животни лекции се резултат на богато животно искуство.

„Семејството е скапоцено. Тоа е највлијателниот елемент во твојот живот, од моментот кога си роден, до моментот кога ќе умреш“ – вели Енди Андерсон. 99-годишниот прадедо споделил важни лекции, кои благодарение на неговата внука, допреа до многубројната интернет публика.

Енди Андерсон

Андерсон бил во брак 67 години, но сега е вдовец. Никогаш не студирал, но успеал да се искачи многу високо по скалилата на успехот, иако започнал од самото дно. Секој може да „украде“ малку мудрост од неговите зборови.

  • Секогаш одржувај добра смисла за хумор.
  • Никогаш не биди премногу добар за да започнеш од дното.
  • Вежбај секој ден, дури и кога не си расположен за тоа.
  • Не троши повеќе пари отколку што заработуваш.
  • Пиј сок од портокал секој ден.
  • Љубовта на прв поглед не е измислица.
  • Подобро е да имаш лоша работа одошто да немаш никаква работа.
  • Јади околу мувлата, не фрлај храна непотребно.
  • Семејството е најскапоценото нешто што ќе го имаш во животот.
  • Јади колбас секојдневно – за мене тоа се покажа како добра тактика.
  • Твојот живот е деликатен и ако се занемариш себеси, ќе се расипеш. Тоа ми е поука од сирењето.
  • Не плаши се да бидеш тоа што навистина си.
  • Сите имаат премногу облека. Носи го тоа што го имаш и престани да купуваш уште.
  • Мораш да бидеш способен да простуваш, дури и кога ти е тешко да го правиш тоа.
  • Штеди пари сега, троши ги подоцна.
  • Љубовта не е лесна, понекогаш мораш да работиш на неа.
  • Во секоја ситуација пронаоѓај нешто комично.
  • Ако си соочен со проблем, не го одложувај пронаоѓањето на решение. Но, ако нема начин да го решиш, мораш да го заборавиш.
  • Прави го тоа што го сакаш. Не плаши се да ги следиш соништата кои ги имаш за себе.
  • Образованието е важно, но не неопходно. Самиот живот може да ти биде учител.
  • Истражувај го својот свет и остани љубопитен.
  • Не се сфаќај себеси премногу сериозно.
  • Имај здрав разум. Смислувај најразумен одговор за секоја ситуација. Ако немаш здрав разум, во неволја си.
  • Животот е подарок кој мора да го одмоташ. Од тебе зависи дали она што е внатре ќе те усреќи или растревожи. Имаш моќ сам да одлучиш за себе.
Вилијам Бредфорд Џејмс Андерсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9474 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.