Почетна » Новости » Занимливости » Жена рециклира цвеќиња од свадби, претворајќи ги во украси за старски домови и болници

Жена рециклира цвеќиња од свадби, претворајќи ги во украси за старски домови и болници

Инспиративна жена пронајде прекрасен начин за да ги рециклира цвеќињата од свадбите, кои најчесто завршуваат во отпад. Таа ги собира букетите кои младенците сакаат да ги донираат и цветните декорации и ги претвора во украси за старски домови и болници.

Џенифер Гров, која до неодамна била организатор на настани, одлучила да ја создаде компанијата „Repeat Roses“ откако сфатила колку многу цвеќиња се фрлаат по свадбените прослави. Со помош на својот тим, Гров ги зема цвеќињата непосредно по свадбата, а следниот ден со нив им го разубавува денот на стари и болни лица.

Џенифер Гров Џенифер Гров Џенифер Гров Џенифер Гров

„Цвеќињата се пренаменуваат и ќе завршат во рацете на пациентите во старски дом. Луѓето таму се на крајот на својот животен циклус и ако можеме да направиме едно убаво нешто за нив зашто нашите клиенти решиле да ги донираат своите цвеќиња, нас ќе ни значи премногу“ – вели Џенифер.

„Ги слушаш лелекањата, ја слушаш тагата, ја чувствуваш тешкотијата во воздухот и има нешто во носењето цвеќе кое комплетно ја менува атмосферата, цвеќињата имаат моќ да го направат тоа. Кога препознаваш колку голема болка чувствуваат луѓето, без разлика дали е физичка, емотивна или ментална и можеш да направиш едно добро дело за да им помогнеш, тоа значи премногу“ – додава таа.

Донирањето на цвеќињата од свадбата, според Гров, е и одличен начин за младенците да го започнат својот брачен живот. „За младенците тоа е првото хумано дело, а сè уште не заминале ни на меден месец“ – додава таа.

Џенифер Гров Џенифер Гров Џенифер Гров Џенифер Гров

Покрај насмевките од старите и болни лица кои ги добиваат членовите на тимот на Џенифер, друго признание за нивната работа се мејловите од семејствата на тие лица. „Ги обожавам понеделниците кога нашиот тим ги споделува мејловите со благодарност кои ги добива преку викендот од паровите, родителите на младенците, персоналот во домовите, децата на старите лица во домовите итн. Константно сум инспирирана знаејќи дека напорната работа на мојот тим ги допира срцата и животите на толку многу лица“ – рекла Гров.

Џенифер Гров Џенифер Гров Џенифер Гров Џенифер Гров Џенифер Гров Џенифер Гров Џенифер Гров

Видео

They made this wedding beautiful, but these flowers aren't finished. Now they’re bringing joy to those needing a little pick-me-up.An Upworthy Original by Jess Blank with thanks to Repeat Roses and MJHS.

Posted by Upworthy on среда, 16 март 2016

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11213 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.