Почетна » Новости » Занимливости » Емотивно збогување: Краток филм кој ќе го расплаче секој сопственик на куче

Емотивно збогување: Краток филм кој ќе го расплаче секој сопственик на куче

Емотивниот краток филм „Денали“ ќе ви ги насолзи очите. Тој ја прикажува специјалната врска меѓу фотографот Бен Мун и неговото куче Денали, кое било покрај него во добро и лошо цели 14 години. Вистинската приказна е раскажана од перспектива на кучето, кое починало по снимањето на видеото.

Филмот „Денали“ ги прикажува незаборавните авантури на двајцата пријатели, од безгрижните прошетки, лудории и сурфања на плажите, до дружбата во болница за време на борбата со ракот.

Денали

Мун го запознал Денали во 1999 година во стационар и решил да го вдоми. Оттогаш, започнале нивните авантури. Тие поминале една зима живеејќи во приколка и патувале по крајбрежјето на Тихиот океан, фотографирајќи сурфери. Но, идиличната авантура завршила кога во 2004 на Бен му бил дијагностициран рак на дебелото црево, трет стадиум.

На Денали му било дозволено да остане покрај својот најдобар пријател во болницата во која се лекувал и тој го направил токму тоа – никогаш не го напуштил.

Денали

Бен го победил ракот, но тука не завршиле здравствените предизвици на дуото. Во 2014 на Денали му бил дијагностициран рак. Поради возраста, кучето не успеало да извојува победа над болеста.

Денали

За да му се оддолжи за годините поминати заедно, Мун го одвел својот миленик на последно патување, а потоа во негова чест го создал прекрасниот филм. „Не постои лесен начин да се збогуваш со пријател, особено ако тој те поддржувал во твоите најмрачни денови“ – пишува познатиот фотограф.

„Кога некој што го сакаш влегува низ вратата, макар и тоа да се случува по петпати дневно, ти треба потполно да полудиш од радост.“

Денали Денали

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11349 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.