Почетна » Новости » Занимливости » Добрината на дело: Момче со стар велосипед без кочници удрило во автомобил, сопственикот го наградил со нов велосипед

Добрината на дело: Момче со стар велосипед без кочници удрило во автомобил, сопственикот го наградил со нов велосипед

Некои луѓе се навистина прекрасни и не дозволуваат лошите ситуации да ја засенат нивната добрина.

Маж ја освои почитта на многумина со своето љубезно дело, кое ретко кој би го направил. Имено, неговиот автомобил бил чукнат од дете со стар велосипед без кочници. Но, наместо да збесне и да му се развика на детето, прекрасниот човек му купил нов велосипед на момчето за да спречи понатамошни слични инциденти.

Фотографија од моментот кога му го подарува велосипедот деновиве кружи на социјалните мрежи, потсетувајќи нè дека не треба да им судиме на другите пред да ги ислушаме.

„Ова дете имаше стар велосипед без кочници и удри во нечиј автомобил. По неколку дена, сопственикот на автомобилот го изненади детето со нов велосипед“ – стои во описот на фотографијата.

Маж и деца

Се разбира, момчето не останало рамнодушно на овој гест на добрина.

„Во вакви ситуации, покажувањето сочувство и емпатија, нè учи на многу поголеми лекции одошто казната.“

„Сопственикот на автомобилот веројатно спречи многу идни судири и го заштити детето да не се повреди. Прекрасен човек.“

„Совршен пример за добар, внимателен човек со татковска љубов.“

„Не можам да се сетам на многу сопственици на автомобили кои би го направиле ова. Повеќето луѓе би збеснале, а нивните емоции не би им дозволиле да забележат дека детето веројатно не може да си дозволи поправка.“

„На светот му треба повеќе од ова.“

„Ова е прекрасен човек, кој преку подарокот го научи малото момче на лекција која никогаш нема да ја заборави.“

„Човечноста сè уште постои... Сè уште има надеж за нас“ – ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.