Почетна » Новости » Занимливости » Втора шанса: Самохран татко ѝ предлага брак на самохрана мајка во емотивна реклама

Втора шанса: Самохран татко ѝ предлага брак на самохрана мајка во емотивна реклама

Новата реклама за гумите за џвакање „Extra“ ќе ве разнежни и ќе ви покаже дека секој заслужува втора шанса.

Во видеото е раскажана вистинската љубовна приказна за самохрана мајка и самохран татко, кои ги изгубиле своите љубени, но кои добиле шанса повторно да сакаат. Џесика Лангевин го изгубила својот сопруг во Авганистан кога имала само 25 години и била во 8. месец од бременоста.

Џесика научила повторно да сака откако започнала да се состанува со својот пријател од детските денови Маркус, кој исто така бил самохран родител со две ќерки. „Не мислев дека љубовта е возможна за мене повторно“ – вели Џесика во видеото.

Со помош на трите деца, Маркус организира прекрасен предлог за брак за својата сакана. На обвивки од гуми за џвакање тие сликаат мали, но значајни моменти за Џесика, а потоа ги редат на нивната омилена плажа. Таму ја чека Маркус, кој ја бара за жена со зборовите: „Ти си моја најдобра пријателка. Ништо не сакам повеќе одошто да се омажиш за мене“.

Се разбира дека Џесика не може да одговори поинаку освен со ДА.

Џесика и Маркус во моментов го очекуваат првото заедничко дете, кое треба да се роди во јуни.

Популарниот бренд на компанијата „Wrigley“ по третпат ни прикажува емотивни моменти во своите промотивни видеа. Претходно, „Extra“ привлече милионска публика со рекламите „Оригами“ и „Приказната за Сара и Хуан“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11227 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.