Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Рекламите кои ни ги насолзуваа очите во 2013 година

ВИДЕО: Рекламите кои ни ги насолзуваа очите во 2013 година

Во изминативе години компаниите и маркетинг агенциите научија дека за успешна рекламна кампања е особено важен емотивниот фактор. Кога одредена рекламна порака предизвикува силни емоции кај публиката, таа има голем потенцијал да премине во вирален хит.

Сè почесто наидуваме на реклами кои допираат до срцето, кои пленат со силната приказна или моќната порака. Еве дел од рекламите кои насолзуваа очи во текот на изминативе 12 месеци.

Кога добрината не поминува ненаградена

Емотивна реклама на тајландскиот мобилен оператор „True Move“ нè потсети дека добродушноста често не поминува ненаградена.

Триминутното видео раскажува приказна за маж кој е награден за добрите дела кои ги правел цел живот без да очекува нешто за возврат.

Нераскинливата врска татко-ќерка

Сте помислиле ли некогаш дека реклама за гуми за џвакање може да ви ги навлажни очите? Рекламата на Extra, насловена „Оригами“, ја покажува силната врска татко-ќерка.

Суштината на пријателството

Реклама за пивото „Guinness“ ни покажа што значи вистинско пријателство.

Време за семејството

Рекламата која ќе ве потсети дека треба секогаш да поминувате квалитетно време со семејството и да создавате бесценети спомени. За време на празниците не е важно што има на нашата трпеза. Важно е да поминуваме што повеќе време заедно.

Кучињата се најдобри пријатели на човекот

Специјално пријателство

Осум години Сара и Пејџ негувале неверојатно пријателство, иако никогаш се немале сретнато лице в лице. На почетокот двете девојки ги поврзувало само едно нешто – секоја била родена со нецелосно оформена лева рака. Но, како што минувало времето, нивното пријателство станувало сè посилно, и покрај тоа што биле раздвоени од 13.000 километри (едната живее во Индијана, САД, а другата во Нов Зеланд).

Нивната приказна започнала уште додека Сара не била родена. Нејзината мајка во бременоста дознала дека малата Сара ќе биде родена со нецелосна лева рака, па преку интернет се обидела да пронајде семејство кое се соочува со истата ретка здравствена состојба. Така го пронашла семејството на Пејџ.

Родителите на двете девојки долги години разменувале писма и фотографии. Кога Пејџ и Сара пораснале, започнале да градат силно пријателство преку мејлови, телефонски повици и Skype. Набрзо тие започнале да споделуваат сè една со друга – модни совети, совети за олеснување на животот, работи за кои не им било лесно да разговараат со другите пријатели.

Откако од Skype слушнале за Сара и Пејџ, одлучиле не само да ја раскажат нивната приказна, туку и да им исполнат една голема желба – првата средба.

Пријателство кое не се заборава

Рекламата на „Budweiser“ им ги насолзи очите на многумина кои знаат колку силна може да биде врската помеѓу луѓето и нивните миленици.

А еве и неколку постари реклами кои не се забораваат:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11434 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.