Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Татковци и деца си поставуваат едноставни прашања, а одговорите ќе ве разнежнат

ВИДЕО: Татковци и деца си поставуваат едноставни прашања, а одговорите ќе ве разнежнат

Во животот многу работи остануваат некажани.

Компанијата „Echo Storytelling Agency“ создаде емотивно видео кое има за цел да ве инспирира да му се јавите на својот татко и да му се заблагодарите за сè што направил за вас. Во видеото, 20 татковци и деца си поставуваат едноставни прашања. На почетокот децата ги прашуваат татковците: „Со што те правам горд?“, а потоа им кажуваат за што им се благодарни. Одговорите ќе ви ги насолзат очите. Особено емотивен е моментот кога една жена зборува за својот починат татко.

„Се надеваме дека ова ќе ве инспирира да го кренете телефонот и да му се јавите на татко ви. Кажете му зошто му сте благодарни, кажете му зошто сте горди. Можеби и тој ќе го направи истото“ – пишуваат од компанијата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.