Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Елен го изненади девојчето кое ѝ пееше охрабрувачка песна на мајка си болна од рак

ВИДЕО: Елен го изненади девојчето кое ѝ пееше охрабрувачка песна на мајка си болна од рак

Светот го обиколи видео од девојче кое ѝ пее охрабрувачка песна на својата мајка болна од рак. 4-годишното девојче повторно ѝ ја испеа „I'm Gonna Love You Through It“ на мајка си Дијана, но овој пат во придружба на оригиналниот изведувач на песната Мартина МекБрајд.

Семејството беше покането да гостува во шоуто на Елен Деџенерис, каде најпрво Дијана и нејзината мајка Ди Силвернејл зборуваа за битката со ракот. На Дијана ѝ бил дијагностициран Хочкин лимфом во четврт стадиум пред две години, а ќеркичката МекКена ѝ ја пеела таа песна секој ден од почетокот на нејзината борба со тешката болест.

На крајот на нивниот разговор излегува малата МекКена со пејачката Мартина, пеејќи ја емотивната песна.

Сочуствувајќи со тешкиот период низ кој поминува целото семејство и високите лекарски сметки, сервисот „Shutterfly“ им донираше 20.000 долари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.