• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ВИДЕО: Мало девојче ѝ пее охрабрувачка песна на мајка си болна од рак

14 октомври 2015, 09:40
  • cподели

Видео од 4-годишно девојче, кое ѝ пее охрабрувачка песна на својата мајка болна од рак, ќе ве разнежни и ќе ви ги насолзи очите.

Во него, малечката МекКена ѝ ја пее на мајка си Дијана Станчак песната „I’m Gonna Love You Through It“, што го превод значи „Јас ќе те сакам низ сето тоа“. На 23-годишната мајка пред две години ѝ бил дијагностициран Хочкин лимфом во четврт стадиум, а нејзината ќеркичка ѝ ја пеела оваа песна секој ден од почетокот на нејзината борба со тешката болест.

„Знам дека си исплашена и јас сум исто така, но никогаш нема да бидеш сама, ти ветувам“, „Кога ти ќе бидеш слаба, јас ќе бидам силна“, „Кога овој пат ќе стане премногу долг, јас ќе бидам каменот на кој ќе се потпреш. Само земи ја мојата рака, заедно можеме да го направиме тоа. Јас ќе те сакам низ сето тоа“ – се само делови од текстот на емотивната песна.

I love this so much… a 4-year-old girl singing to inspire her mother who's fighting cancer.

Posted by Ellen DeGeneres on Monday, October 12, 2015

„Немам видено насмевка на лицето на ќерка ми речиси две години. Нејзе ѝ беше дијагностициран Хочкин лимфом во четврт стадиум, многу ретка форма, на Бадник во 2013 година. МекКена ѝ ја пее оваа песна на мајка си секојдневно! Таа е главната причина поради која Дијана се бори да живее и да победи во оваа битка. Ви благодарам што го споделивте нејзиното видео, таа наоѓа утеха во поддршката од сите кои оставија грижливи пораки. Бог да ве благослови сите“ – напишала мајката на Дијана во коментар на видеото на Facebook.

Tags
емотивно

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.