Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Верно куче спречува жена со Аспергеров синдром да се повреди себеси

ВИДЕО: Верно куче спречува жена со Аспергеров синдром да се повреди себеси

Лојалноста и дисциплината на кучињата е зачудувачка.

Жена со Аспергеров синдром се сними себеси за време на депресивна епизода за да ја подигне свеста кај луѓето и да покаже како изгледа животот со овој синдром. Сепак, големо внимание привлече грижливоста на нејзиното куче Семсон, кое постојано ѝ помага да не се повреди себеси.

Во видеото, Дениел Џејкобс започнува да плаче и да се удира во градите, а потоа по главата. Семсон, кој бил трениран од Дениел за да одговори на вакви ситуации, веднаш реагира, обидувајќи се со шепите да ѝ ги тргне рацете за да ја спречи да се удира себеси.

Видеото има повеќе од 860.000 прегледувања на YouTube, а во коментарите многумина ѝ се заблагодарија на Дениел за храброста да го сподели овој интимен момент со јавноста.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11127 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.