Почетна » Новости » Занимливости » Болница дозволува посети од милениците на тешко болните пациенти заради позитивниот ефект

Болница дозволува посети од милениците на тешко болните пациенти заради позитивниот ефект

Болница од Онтарио, Канада, им дозволува на милениците на тешко болните пациенти да влезат во болничките соби за да ги посетат своите сопственици. Причина за тоа е позитивниот ефект врз здравствената состојба на пациентите.

Болница Џуравински Болница Џуравински Болница Џуравински

Програмата наречена „Zachary’s Paws for Healing“ била создадена од Дона Џенкинс, откако таа видела огромно подобрување кај својот болен внук Захари по средбата со неговиот миленик.

„По многу недели поминати во болница и трансплантација на матични клетки, Захари се чувствуваше многу лошо и нè молеше да го види своето куче Чејс. Го прикрадовме Чејс во одделот за интензивна нега за да го види и ефектот врз Захари беше зачудувачки. Кога Захари сфати дека нема да преживее, ме натера да му ветам дека ќе започнам ваква организација“ – рекла Џенкинс.

Организацијата на Дона воспоставила соработка со канадската болница „Џуравински“, која им овозможува на пациентите да се сретнат со своите миленици додека се лекуваат. Првата официјална посета на животно во болницата била на 15 септември 2015 година.

ЗахариЗахари Болница Џуравински Болница Џуравински Болница Џуравински

Пред да влезат во зградата, животните темелно се чистат и се држат подалеку од другите пациенти.

„Средбата на пациентите со нивните миленици им ги подобрува виталните знаци, им ја подобрува депресијата и чувството на изолираност, пациентите стануваат поотворени за комуникација и добиваат потсетување дека имаат причина за да оздрават и да се вратат дома“ – додава Дона.

Болница Џуравински Болница Џуравински Болница Џуравински Болница Џуравински Болница Џуравински

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11075 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.