Почетна » Новости » Занимливости » Болен татко ја изненади ќерка си откако отпатува за да присуствува на нејзината свадба

Болен татко ја изненади ќерка си откако отпатува за да присуствува на нејзината свадба

Андре Пирсон ѝ приреди емотивно изненадување на ќерка си и расплака илјадници лица. Грижливиот татко се борел за својот живот во клиника во Минесота од март и докторите го предупредувале дека е премногу болен за да патува и да присуствува на свадбата на неговата ќерка во Калифорнија.

Сепак, докторите во клиниката, непосредно пред свадбата одлучиле да му ја остварат желбата на Андре да ја однесе ќерка си до олтарот.

Без најава, таткото во инвалидска количка се појави пред домот на невестата Александра. Излишно е да се каже дека среќната девојка не можеше да си ги задржи солзите кога го здогледа својот татко.

Изненадување

Видео од изненадувањето

„Не можам да не плачам, но тоа се солзи-радосници... Сега се чувствувам добро. Се чувствувам како татко кој го прави она што треба да го прави“ – изјавил Андре кој собрал сила за да ја испрати својата ќерка до олтарот и дури и танцувал за време на веселбата.

Изненадување Изненадување Изненадување

Видео од свадбата

Кога Андре бил примен во болница, докторите прогнозирале дека нема да живее повеќе од една година, бидејќи бил премногу слаб за да му биде направена трансплантација на срце. Пред големото изненадување, било планирано тој да ја следи свадбата онлајн. Добрата вест е што 61-годишниот татко бил опериран во мај и одлично закрепнува, а по неколку месеци докторите повторно ќе направат проценка дали тој е кандидат за трансплантација.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10399 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.