Почетна » Новости » Занимливости » Блогерка со забавни натписи на табла им мами насмевки на родителите на мали деца

Блогерка со забавни натписи на табла им мами насмевки на родителите на мали деца

Норвежанка им мами насмевки на родителите со забавните натписи на табла кои го опишуваат нејзиниот живот како мајка.

Ренате Петерсен е мајка на две мали ќерки, која во моментов живее во Шведска. Помеѓу обврските и грижата за ќеркичките, таа успева да најде начин да се забавува создавајќи интересни текстови во кои се пронаоѓаат најголем дел од нејзините следбеници.

Разбудете ја вашата смисла за хумор со фотографиите на Петерсен:

Ренате Петерсен

Родителите всушност не одат на одмор. Тие само се грижат за нивните деца во друг град.

Ренате Петерсен

За мајките кои дојат: Моментот кога ќе сфатите дека сте шетале низ дома со разголена дојка.

Ренате Петерсен

Живеам во луда куќа управувана од мала армија која самата ја создадов.

Ренате Петерсен

Порано си мислев дека знам што значи зборот „Уморен“! Потоа, добив деца.

Ренате Петерсен

Започнува со задоцнета менструација и потоа никогаш повеќе нема да стигнуваш навреме никаде.

Ренате Петерсен

Моментот кога ќе се почувствуваш фрустрирано со твоето дете... Зашто е исто како тебе.

Ренате Петерсен

Не е тешко да се грижите за децата. Тешко да се погрижите за што и да било друго додека се грижите за децата.

Ренате Петерсен

Не можам да се одлучам дали имам потреба од прегратка, силно кафе, три шотови вотка или две недели спиење.

Ренате Петерсен

Бидете љубезни, никогаш не можете да знаете колку пати се разбудила мајката/таткото синоќа.

Ренате Петерсен

Ми треба уште еден ден меѓу недела и понеделник.

Ренате Петерсен

Мојата мајка во улога на мајка: „Јади го она што ти е дадено!“

Мојата мајка во улога на баба: „Сакаш да ти го исечам лебот во форма на срциња или на ѕвездички?“.

Ренате Петерсен

Најбрзиот начин еден родител да му го привлече вниманието на детето е да седне и да изгледа како да му е удобно.

Ренате Петерсен

Од раѓањето до одвикнувањето од пелени, бебето во просек поминува низ 8.000 менувања на пелени.

Ренате Петерсен

„Да, сè уште сум бремена“ – вака сега одговарам на телефонските повици, наместо да велам „Здраво“. – 40 недела од бременоста

Ренате Петерсен

„Те сакам со целиот мој стомак, ама излегувај!“ – 40. недела

Ренате Петерсен

Никогаш не можеш да го разбереш животот додека не започне да расте во тебе.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10601 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.