Почетна » Новости » Занимливости » Мајка со забавни пораки на табла ги документира бременоста и мајчинството

Мајка со забавни пораки на табла ги документира бременоста и мајчинството

Мајка од Норвешка ја користи својата смисла за хумор за да ги документира бременоста и мајчинството на забавен начин.

Сара со интересни пораки на табла ги опишува чувствата кои ги имала во бременоста, а сега и во мајчинството. 25-годишната мајка на две деца досега има привлечено повеќе од 100.000 обожаватели на Instagram.

СараНе сакам да спијам како бебе. Сакам само да спијам како мојот сопруг. СараПред да имам деца бев толку себична што се туширав секој ден. СараОх, знаеш што е најдобро за моето дете? Не те прашав... ама благодарам. СараТе молам покриј се додека доиш. Благодарам. Сара40. недела: Добро е што бременоста не трае 10 години. Сара39. недела: Ме прашуваш дали се породив? Повторно... Сара38. недела: Не знаеш колку луѓе ти се антипатични додека не дојде време да го крстиш бебето. Сара37. недела: Моментот кога сите твои пријатели го подготвуваат телото за лето, а ти си бремена и бебето сака мафин. Сара36. недела: Веќе се чувствувам уморно утре. Сара35. недела: Бебето ме натера да го изедам. Се колнам. Сара34. недела: Стојте подалеку, тука живее бремена гладна жена. Сара33. недела: Не ме прашувај зошто плачам, бидејќи ни сама не знам. Сара31. недела: Кога твојата девојка е бремена, не го јади последниот залак од ништо. Сара29. недела: Не сакам да се вратам назад со мислите и да си речам дека можев да го изедам тоа. Сара28. недела: Како да победиш во расправија? 1. Биди бремена; 2. Толку. Работата е завршена. Сара27. недела: Ништо не ме собира, морам да мочам и пар чорапи може да ме расплаче. Сара25. недела: Каде ми е чоколадото?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.