Почетна » Новости » Занимливости » Активирајте ги усните! Денес е Светскиот ден на бакнувањето

Активирајте ги усните! Денес е Светскиот ден на бакнувањето

Бакнувањето е моќен гест кој како река може да ги излее врз друга личност нашите најдлабоки чувства како љубов, грижа, страст, приврзаност, верност, почит, пријателство... Само едно спојување на усните може да разбуди силна страст, само еден допир на усните на нечие чело може да ја покаже нашата почит и грижа, само еден бакнеж на образот може да шепне дека сме нечиј пријател.

Бакнување

Денес не ги штедете своите усни и подарете што повеќе бакнежи за да го прославите Светскиот ден на бакнувањето. На 6 јули секоја година се слави овој неофицијален празник, кој нè потсетува на уникатното задоволство кое се крие зад бакнежите.

Бакнување

Цитати за бакнувањето

„Секој маж кој може да вози безбедно додека бакнува убава девојка, едноставно не му го дава на бакнежот вниманието кое го заслужува.“
Алберт Ајнштајн

„Ја бакнав мојата прва девојка и ја испушив мојата прва цигара во ист ден. Оттогаш немам време за тутун.“
Артуро Тосканини

Бакнување

„Бакнежот е прекрасен трик создаден од природата за да го сопре говорот кога зборовите се излишни.“
Ингрид Бергман

„Каде треба да се нанесува парфемот? – праша една млада девојка. Таму каде што личноста сака да биде бакната – реков јас.“
Коко Шанел

„Античките љубовници верувале дека бакнежот буквално ќе им ги соедини душите, затоа што сметале дека духот живее во здивот.“
Ив Гликсман

„Бакнежите се како солзи, вистински се само оние кои не можеш да ги задржиш.“
Анонимен

„Бакнувањето е како пиење солена вода. Пиеш, а жедта ти се зголемува.“
Кинеска поговорка

„Еден бакнеж може да уништи човечки живот.“
Оскар Вајлд

Бакнување

„Украдените бакнежи се секогаш најслатки.“
Ли Хант

„Зошто еден маж е толку сигурен дека девојката која флертува со него посакува тој да ја бакне, кога во девет од десет случаи таа само посакува тој да сака да ја бакне?“
Хелен Роланд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11161 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.