Почетна » Новости » Занимливости » 52-годишна Британка привлече големо внимание со младоликиот изглед

52-годишна Британка привлече големо внимание со младоликиот изглед

Памела Џејкобс има 52 години, но изгледа дваесетина години помлада. Со својот изглед, младоликата Британка привлече огромно внимание.

Многупати Џејкобс, која има 21-годишен син, била обвинувана дека лаже за својата возраст. Пред две години, кога доживеала сообраќајна несреќа, медицинската сестра не можела да поверува дека пред неа е жена која е во шестата деценија од животот.

Памела Џејкобс Памела Џејкобс Памела Џејкобс Памела Џејкобс

Памела вели дека тајната на нејзиниот изглед е мешавина од добри гени, здрава исхрана, вежбање и кокосово масло.

„Јас сум голема обожавателка на кокосово масло. Мајка ми го користеше за косата и кожата кога бев помлада, па јас продолжив. Користам органско кокосово масло за готвење, во кафето, за отстранување на шминка, за третмани за коса и за нега на телото двапати дневно“ – вели таа.

Памела ЏејкобсПамела со својот син

Кога станува збор за исхраната, Памела вели дека избегнува леб и тестенини. „Го следам правилото 80/20“ – објаснува таа. Тоа подразбира 80% од внесената храна да е здрава, а 20% од храната да е „честење“ со вкусни задоволства.

Памела Џејкобс

„Сметам дека тајната на вечната младост е да се смееш секој ден“ – вели Памела, која следниот месец ќе го прослави својот 53. роденден.

Памела Џејкобс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11475 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.