Почетна » Новости » Занимливости » 5 години подоцна: Прегладнетото „дете-вештер“ спасено во Нигерија сега е пораснато и преслатко момче

5 години подоцна: Прегладнетото „дете-вештер“ спасено во Нигерија сега е пораснато и преслатко момче

Наскоро ќе навршат 5 години од спасувањето на малиот Хоуп од страна на хуманитарката Ања Рингрен Ловен.

Нигерија

Преслабото детенце беше оставено да гладува на улица во Нигерија, бидејќи неговото семејство верувало дека е вештер. За среќа, за него дозна инспиративната Данка, која без двоумење го зеде во своја закрила и му даде место во центарот за детска едукација „Land od Hope“.

Фотографија на која Ања му даваше вода на Хоуп тогаш стана вирален хит на социјалните мрежи и се врежа во сеќавањата на милиони лица низ светот.

Нигерија Нигерија

Сакајќи да прослави за 5-годишнината од неговото спасување, Ања сподели фотографии на кои пораснатото момче позира облечено во костум.

Хоуп Хоуп Хоуп Хоуп

За точно 40 дена ќе славиме 5 години од спасувањето на Хоуп. Да бидам поточна, Хоуп беше спасен на 30 јануари 2016 година.

Не можам да дочекам да поминат уште 40 дена за да ги споделам фотографииве од Хоуп. Едноставно, тој е премногу сладок и згоден.

Минатата недела, Хоуп беше кум на свадбата на наш вработен и блесна како малечка ѕвезда.

Кога ќе се навратам наназад, тешко ми е да поверувам дека поминаа 5 години. Го паметам денот кога го спасивме Хоуп како да беше вчера.

Многумина од вас ја следат нашата работа од спасувањето на Хоуп и се сведоци на неговата неверојатна трансформација. Тој ПРЕЖИВЕА и еден ден ќе биде доволно голем за да патува низ светот и да ја раскаже својата приказна.

Ања Рингрен Ловен
Хоуп Хоуп

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.