Почетна » Новости » Занимливости » Се сеќавате на „детето-вештер“ од Нигерија? Денес тоа е среќно и опсипано со љубов

Се сеќавате на „детето-вештер“ од Нигерија? Денес тоа е среќно и опсипано со љубов

Сигурно се сеќавате на фотографиите од спасувањето на „детето-вештер“ во Нигерија, кои пред две и пол години го обиколија светот. Малото момче било пронајдено прегладнето на улица откако неговото семејство го напуштило бидејќи верувало дека тоа е вештер.

Нигерија Нигерија Нигерија Нигерија

Него го спаси хуманитарката Ања Рингрен Ловен, која му даде место во центарот за детска едукација „Land of Hope“. Денес момчето, кое го доби името Хоуп (Надеж), живее во центарот заедно со повеќе од 60 други деца и е среќно, весело и опкружено со љубов.

Еве како изгледа сега:

Хоуп Хоуп Хоуп Хоуп Хоуп Хоуп

За жал, слухот на Хоуп е оштетен и поради тоа тој има проблеми во развојот на говорните способности. Тој исто така мора да носи помагало за слушање.

Бидејќи постојано добивала прашања за здравствената состојба на Хоуп, Ања пред неколку дена ги сподели фотографиите и објасни дека на Хоуп ќе му бидат потребни години за да го развие својот говор.

„Помагалата се специјално дизајни за него. Кога Хоуп ги носи неговите слушни помагала, тој реагира на сите звуци“ – пишува инспиративната Данка на Instagram.

„Повеќето луѓе не сфаќаат дека постои разлика меѓу слушање и разбирање. Слушањето е природно за повеќето од нас, ние се раѓаме со слух. Кога има загуба на слухот, како во случајот на Хоуп, со текот на времето луѓето започнуваат да губат траг за одредени звуци. Кога конечно ќе добијат свои помагала, тие слушаат звуци, но на нивните мозоци повеќе не им се познати и поради тоа им е тешко да разберат одредени зборови“ – продолжува Рингрен Ловен, која вели и дека Хоуп ја обожава музиката.

Хоуп Хоуп Хоуп Хоуп

„Ќе треба да поминат години за Хоуп да развие говор. Тоа е природно. Хоуп е многу интелигентен и е еден од најдобрите ученици во неговиот клас и е во рацете на професионални аудиолози.“

„Хоуп обожава да танцува на музика. Дури и без неговите помагала, тој може да го почувствува ритамот. Читав дека глувите луѓе се способни да ги чувствуваат вибрациите во одредени делови од мозокот кои другите ги користат за слушање... Погледнете го овој мој мал згоден џентлмен кој светот го запозна како Хоуп“ – вели таа.

Хоуп Хоуп Хоуп

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11423 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.