Почетна » Новости » Занимливости » Жената која го спаси „детето-вештер“ прогласена за Најинспиративна личност за 2016

Жената која го спаси „детето-вештер“ прогласена за Најинспиративна личност за 2016

Хуманитарката, која го спаси прегладнетото детенце обвинето за вештерство во Нигерија, стана Најинспиративна личност на светот за годината која изминува.

Ања Рингрен Ловен од Данска остави зад себе личности како Барак Обама, папата, Шарлиз Терон, Далај Лама и Леонардо Дикаприо за да се смести на челната позиција на листата „100 најинспиративни личности“ на германското списание „Ooom“.

НигеријаТрогателната фотографија, на која Ања му дава вода на напуштеното момче, го обиколи светот во април оваа година. Нигерија Ања Рингрен Ловен

Ања го спаси и го гледа како свој син малиот Хоуп (Надеж) кој бил обвинет дека е „вештер“ и бил прогонет од семејството. Детенцето цели 8 месеци само преживувало на улица пред да биде земено под закрилата на Ловен, која тогаш изјави: „Хоуп ми е како син. Како сите останати наши деца, го сакам повеќе одошто може да се опише со зборови“.

Благодарение на жената со големо срце, Хоуп денес е среќно момче, кое одлично напредува.

Ања Рингрен Ловен Ања Рингрен Ловен Ања Рингрен Ловен

„Ања Рингрен Ловен е зрак надеж и најинспиративна личност за 2016 година. Кога го виде прегладнетото момче, таа дејствуваше како човечко суштество и стана инспирација за милиони лица. Нејзините непрекинати напори да им помогне на напуштените деца од Нигерија ни даваат надеж и нè поттикнуваат да го следиме нејзиниот пример“ – рекол уредникот на списанието за Ања.

Ooom

На второ место на листата се најде претседателот на САД Барак Обама за неговото залагање за „мир, толеранција и слобода“. Веднаш по него се смести актерката Шарлиз Терон, четвртото место му припадна на папата Францис, додека за петта најинспиративна личност беше избран Леонардо Дикаприо.

Барак Обама Шарлиз Терон Францис Леонардо Дикаприо

Духовниот лидер Далај Лама ја зазеде шестата позиција, а по него следуваа креаторот на Facebook Марк Закерберг, Нобеловката Малала Јусафзаи, музичарот Боб Дилан и бизнисменот Елон Маск.

Далај Лама Марк Закерберг Малала Јусафзаи Боб Дилан Елон Маск

Целосната листа можете да ја видите тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11424 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.