Почетна » Новости » Занимливости » 22-годишна келнерка доби бакшиш од $1000 за да му обезбеди подобар живот на синот

22-годишна келнерка доби бакшиш од $1000 за да му обезбеди подобар живот на синот

Келнерка од Ларго, Флорида, доби великодушен бакшиш од муштерии за да му обезбеди подобри услови за живеење на својот син.

Кари Ванардој работела на две работни места за да заработи повеќе пари и да ги инвестира во поголем стан.

Повозрасен пар кој појадувал во ресторанот „WingHouse“, се обидувал да ја запознае подобро 22-годишната девојка која ги служела. Кери, која е и студентка, малку по малку им ја раскажала својата животна приказна. Сочувствувајќи со пожртвуваната мајка, тие решиле да ѝ помогнат. Парот ја наградил Кари со бакшиш од 1000 долари.

Кари Ванардоу

„Прво мислев дека е бакшиш од 10 долари, но кога ги видов сите тие нули се шокирав“ – рекла изненадено Кари, бидејќи сметката била само 29 долари.

Изненадена од тоа што се случило, Кари со солзи во очите прашала дали може да ги прегрне како знак на благодарност. Жената со големо срце ѝ рекла дека таа ѝ е ангел-чувар и ѝ оставила телефонски број за да ги контактира во случај ако ѝ затреба нешто во животот.

Кари Ванардоу

Среќната келнерка со својот сакан и синчето се вселиле во нов поголем стан и планираат да му испратат фотографии на дарежливиот пар. „Тие треба да видат за што беа искористени нивните пари. Многу нè усреќија“ – вели Кери.

Ова не било прв пат добродушниот пар да остави толку голем бакшиш. Претходно тие ѝ имале подарено 500 долари на друга келнерка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.